- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Штом темамва ти е виртуелна кооперација ти мора да си некое чиче огорчено од социјализмотТемава и муабетиве ми се виртуелна кооперација. Предноста е што не трошиш за пиво , од таму произлегува сарказамот. Така да слободно игнорирај ме, а во други теми сум посериозен
Тоа огорченоста нешто грешка си. Малку можда не ми е сеедно, но судејќи од мислењава на форумов јасно е дека сакаме да живееме во жабокречина, така ни е најубаво.
За дискредитација немам потреба а ни корист. Ти додуша сам тоа добро го правиш. Пишуваш реферати а притоа со реалноста си скаран. Бугарија нели го открија министерот за земјоделие на ќерка си и доделил 700.000 евра од европските субвенции. Словенија со воените возила од Финска настрада претседателот, а бизнисменот што беше вмешан, однесе фирма во стечај со 800вработени без влакно да му фали. Грција еден куп афери излегоа на површина, те Сименс, те здравство, те градежни итн. Германија го има дизелгејт и случајот со снемување на ЦДто со 2.000 германци кои имале сметки во Швајцарија. Имаш илјадници други, а ти викаш можеби има корупција.
Ако бевме небитни геополитички, историски, толку ли ќе не ебаваа, уценуваа, присилуваа и наметнуваа разни разни глупости .... За уши и одма ќе не примеа, ниту ќе им сметавме ниту сме многу па да не ранат ниту па јадеме многу, а сме богата земја. Кога фрлале напалм, што не продолжиле и нагоре јебем ли га. Изгледа добро жарче сме биле за балканов.
Е сега најглавното кој тоа се лигави за во ЕУ и ЗАШТО. .... Ќе да се тие во кои 400постови ги критикуваш а воедно очекуваш спас од нив
Јас кажав, ЕУ никако, ни под разно. НАТО што поскоро.
Е добро де, еве со сигурност има корупција, кажи кај нема? Не е работата дали има или нема корупција, туку важно да постои борба против истата. Таа со сигурност не може да се искорени но може да се направат напори да се сузбие до степен кој ќе биде минимален. Не можеш да го споредуваш степенот на корупција во Германија и Грција или Бугарија и Словенија. И кај едните и кај другите постои, но различен е степенот. Ете велиш во Словенија настрадал претседателот, кога кај нас така? Кај нас политичарите последниве 27 години пола држава ја префрлија на приватни сметки па никој не одговараше. И после се чудиме оти ни викаат од ЕУ немало владеење на правото имало корупција.
Долга и широка е дискусијата зошто сме на ова дереџе. Има милион причини и скоро сите се елаборирани на темава.
Па јас отворено зборувам, не сум фан ниту на ЕУ ниту на НАТО. Само никој не ми кажува која друга опција ни стои на располагање, по што еве сами пробавме 30 години и гледаме оти небива. Чаре?