The Wild Boy
љепотан
- Член од
- 26 декември 2017
- Мислења
- 1.551
- Поени од реакции
- 931
Епа да, нови телефони од Samsung, од кои што дел се J сериите кои што впрочем не се лоши за таа цена ама имаат стар Snapdragon процесор, што очигледно станува обичај кај J сериите уште од J 2016 - та класа па се до нај новата 2018 - та која што и те како има врвен и подобрен дизајн и од напред со Infinity Display, и назад со кој што некои J модели имаат и по две камери. За таа цена може да се најде многу подобри телефони (Wink wink... Xiaomi) ама со IPS панели, но не со врвни и квалитетни Super AMOLED панели. Се знае, Samsung за Super AMOLED панели се убијци. Ма зборете што сакате, дури и OLED - от на iPhone X е срање, со лошо темпиран контраст на бои. Ако не ми верувате бујрум отворете јутуб и видете споредба со iPhone X со секој друг телефон, и погледнете во екранот на двата телефони, ќе видите дека Samsung - от покажува по живописни бои. Ајде да не одам далеку со споредувањата, се знае дека Samsung во многу аспекти е подобар од Ајфоните за многу работи. Но сепак помеѓу евтините телефони не било секогаш така да биде Samsung најдобар,и да како што кажав за малце пари може да се купи Xiaomi телефон кој што е сто пати подобар за разлика од Samsung каде што и таму ќе се најдат доста добри евтини телефони но со постари процесори кои што одат така низ доста многу J серии подолго време. Јас искрено на момент ја изгубив вербата во Samsung кога пуштија нови Ј и A класа серии што буквално се очекуваше доста многу, но сепак пак видовме еден ист Snapdragon 450. Но сепак ситуацијава сега за сега се промени кога од Samsung направија еден нов телефон од A класа, но со по цена од 400 евра, која што таа цена и е типична за Ј сериите а не за А. Но сепак кога го видов телефонот бев воодушевен кога видов нов дизајн од позади (нешто сличен на iPhone X, а и подобар).
Телефончето се вика A8 Star, а има и Lite серија која што е со 450 Snapdragon, што е доста слаб и стар процесор,а и плус и оној стариот дизајн за разлика од оној на поголемата серија. Samsung пак ме воодушеви кога видов евтин телефон со понов и подобар Snapdragon 660 процесор, кој што Xiaomi го користат веќе години во нивните евтини серии. Пак ми се врати довербата во Samsung за новите A серии, и J серии.
Ајде уште нешто за телефонот:
-Кошта 400 евра (цената може и да падне со тек на време)
-Го нема сеуште во Македонија кај нас.
-Го има сега засега во Азија, но наскоро ќе искочи и во Европа.
-Има дупли задни испакнати камери, од која што едната е 16 мегапиксели, а другата 24.Предната е исто така 24 мегапиксели, а и обете имаат F 1.7 Aperture, што тоа резултира со доста добри слики и во дење, а и во ноќе.
-USB тип C на телефон од 400 евра, и тоа на Samsung. Епа време беше... На сите J серии фураат само Micro USB, a на А6/А6+ ако не се грешам исто така имаат и Micro USB.
-Стаклен заден дел од телефонот.
(За ова не сум сигурен дали навистина е стакло, но од видеата што ги гледав изгледа така, но сепак и да е ондак незнам што Corning Gorilla Glass Protection е.
- Џек за слушалки... ( Здраво Ајфон )
- Скенер за прст кој што е позициониран во центарот на телефонот, и е лесно достапен за било какви прсти. Плус и не е под, над, до камерата бидејки таа на овој дизајн е наместена скрос на десната страна, баш како кај iPhone X, што од моја страна не е лошо.
- Infinity Екран, кој што има драстично намалени рамки на телефонот. (Како кај новите А8/А8+)
- Копчиња во екран за назад, Home, и Recent App кои што можат да се наместат дали копчето за назад да биде од левата, или од десната страна, нешто што го има уште од S8.
- Dolby Atmos Surround звук но само за слушалки. Звучникот е наместен во долниот дел до портата за полнење како кај S сериите. Но сепак имајки можност, Samsung се одлучиле да не стават Stereo звук на овој телефон иако е теоретски можно, бидејки новите А6/А6+ имаат. Но сепак очекувајте звучникот да биде доста гласен, а за гејмање со Dolby Atmos ќе биде топ.
- 3,700 mAh батерија. Повеќе и од S9+, а и од Note 8.Доста огромна батерија, до сега повеќе и од Ј сериите и од S и Note сериите.
- Noise Cancellation Microphone. Ова најверојатно ќе го има и во овој телефон бидејки го има и во сите A серии.
- Појак и понов Snapdragon 660 процесор (Конечно не е оној 450)
- 64 GB внатрешна меморија , и 4GB рам меморија, со можност до 400GB мемориска картица која што е хибридна со Sim 1 и Sim 2 или Micro SD. И сето ова е Default за глобалната верзија знаејки дека ќе има само 64GB/4GB со 400GB Micro SD Expandable.
- 1080 Super AMOLED дисплеј, кој што за оваа цена и овие спецификации е ТОП.
- Bixby, и посветено копче за Bixby.
-Android 8.0 со Samsung Experience 9.0.
- Блиц на предната камера.
- Поддршка за Quick Charge технологија, која што доага со Тип - C Quick Charge полнач кој што доага директно со телефонот.
- Целосна поддршка за Samsung Pay.
Работи кои што за жал ги нема телефончево:
- Водоотпорност
- Dual Lens Aperture
- Бежичен Полнач
- Stereo Звучник
- Супер забавена снимка
- LED светло за нотификации
- Инфрацрвен Бластер.
Слики од телефонот:
Целосни спецификации за Телефонот:
https://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_a8_star_(a9_star)-9220.php
Видеа од отпакување на Телефонот, и негово разгледување:
(Видеата не се на Англиски, и се на некој Азиски јазик кој што не го знам.Тоа индицира дека телефонот е искочен само во Азија, и таму се знае под името A9 Star. А телефонот сигурно ќе искочи наскоро и во Европа, и пошироко)
Што мислите, ќе биде ли овој убиецот на Xiaomi евтините телефони, или има уште многу за Samsung да се потруди во овој аспект?
Планирате ли да го купите телефонот чим ќе достигне добра цена,или не?
(п.с се извинувам за печатните грешки, пишував 1 саат на телефон, и искрено и рацеве ми отекоа... )