Одат на друга карта....а таа е дијаспората да биде исклучена од избирачкиот список, а тоа е околу 200/250 илјади гласачи. Тогаш цензусот би се спуштил на 750 илјади. Ете, не мора да гласаат тие во амбасада или во конзулатите таму, но нека си стојат во избирачкиот список тука кај нас. Тие имаат право на глас со тоа што се државјани на Република Македонија, колку и да им смета тоа на Заев и СДСМ.
А пишав и претходно. ВМРО-ДПМНЕ и да се договори за нешто и да излезе со порака да се излезе и да се гласа против промена на името гарантирам дека нема да биде послушано тоа од страна на членството и со други зборови Мицкоски ќе си пука во нога и ќе биде уште побрзо политички збришан, а според досегашните мои видувања такво нешто нема да се случи и според тоа ако некој го чита меѓу редови во неговите последни изјави т.е појавата на нешто ново во неговиот речник, а тоа е зборот демократски услови за референдум. Тоа е нешто што сите го делиме односно недовербата во резултатите од референдумот и мислам дека тука ќе се мава.
Според мене, улогата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја гледам во Собранието односно во 2/3 одлуки како Закон за референдум за промена на име/договор со Грција, составување на ДИК, Уставни измени. А излезноста на референдум баш и не зависи од ВМРО-ДПМНЕ, затоа како што и пишав претходно за вакво прашање не верувам дека членството нема да препознае доколку партијата има задна намера во целата ситуација.
Исто и претходно пишав дека не верувам дека ни во СДСМ ќе помине идејата низ членството колку и да имаат механизми со тоа што се на власт. Има и кај нив критична маса и затоа се последните најави на Димитров околу цензусот и намалување на избирачкиот список во делот кај дијаспората. И во дворот нивни нешто смрди.