СП 2018 - Група Е (Бразил, Швајцарија, Костарика, Србија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?

  • Вкупно гласачи
    50
  • Гласањето е завршено на .
Има други начини да провоцираш, али со ова ја навредуваш и репрезентација за која што играш. Среќа што се работи за Швајцарија, а они немаат некоја национална свест.

Секоја земја е со некоја за нешто замерена, па не го гледаме тоа на другите мечеви, освен кај што играат албанциве (провокацијата во србија).

Колку турците што играат за Германија си ги покажуваат своите корени? Скоро па ич, од тоа што јас имам приметено.

п.с. За швицарска навивав вчера
 
DgXjRmhXcAEkZU_.jpg

https://www.blick.ch/sport/fussball...tsteiner-macht-den-adler-jubel-id8533228.html
Лихтштајнер изјавил дека со тоа дал поддршка за соиграчите бидејќи ја знаел ситуацијата, имал разговарано и со нивните татковци за тоа низ што поминале, дека имале голем притисок играчите и дека било во ред да се прослави така. Тоа било дел од нивната култура да прослават така и било важно да им помогнат. Исто така дека имале многу провокации што било тешко за нив како што вели Лихтштајнер, а особено тешко било за Џака, Шакири и компанија.
Има и видео на линкот како се славило низ Швајцарија и Приштина
 
Колку турците што играат за Германија си ги покажуваат своите корени? Скоро па ич, од тоа што јас имам приметено.

Озил и Гундоган се сликаа со Ердоган пред некоја недела, имаше огромни реакции таму кај нив.
 
Озил и Гундоган се сликаа со Ердоган пред некоја недела, имаше огромни реакции таму кај нив.
А кај овие Лихт ги оправдува. Затоа реков, има разлика и им се може дека се во Швицарска.
 
Аха. Иста е целта и на Монтоливо и на Шаќири, нема проблем. :)
Знаеш што ај до некаде да разбере човек две знамиња ама ликов едно време и три имаше. Сериозно не знам како може воопшто некој да оправда три знамиња. Тогаш на Јанузај копачките треба да му се слика од дворот на Обединети Нации. (Албанија, Белгија, Косово, Босна, Турција, Англија)
 
Јас сум против политичко провоцирање на спортски настан ама...

А мене ме интересира зошто вие како македонци сте толку butthurt, поради прославата на Џака ?

И како може да застанете на страна на Србија?

Што, тие се цвеќина за мирисање па сеа жал ни е што ги провоцирале ?

Убо рече еден поназад,требеше сеченион да му го истајт, како да не ги знаете колкави провокатори се Србиве, па кога ќе им врати некој нешто џо жртви глумат.

Па и копачките на Шаќири, има право да си го носи и едното знаме и другото, ето така се осеќа, ако сака може само косовското па никој не смее да му рече нешто, негова работа, зошто италијаните не му се налутија на Монтоливо што се осеќал и како германец, и зошто германците не се налутија што одбрал да играт за Италија ?

Зошто пољаците и таљаните не му се налутија на Дибала кој одбра да игра за Аргентина а има потекло од Италија и дедо пољак кој во втора светска избегал за Аргентина ?
 
Па и копачките на Шаќири, има право да си го носи и едното знаме и другото, ето така се осеќа, ако сака може само косовското па никој не смее да му рече нешто, негова работа, зошто италијаните не му се налутија на Монтоливо што се осеќал и како германец, и зошто германците не се налутија што одбрал да играт за Италија ?
Да не се сфатиме погрешно, мене ми е така малку чудно зошто три знамиња носеше до скоро, инаку и јас разбирам некој да носи две.
 
А мене ме интересира зошто вие како македонци сте толку butthurt, поради прославата на Џака ?
И мене ова прашање највише ме интересира, гледам денеска врие од македонските портали заради според нив скандалозното прославување на головите (таков гест на прославување не е казнливо според ФИФА, ама "македонските" портали упорно барат правда) . Некогаш се мислам дали истите портали вака би реагирале ако Македонија беше во прашање
 
Да не се сфатиме погрешно, мене ми е така малку чудно зошто три знамиња носеше до скоро, инаку и јас разбирам некој да носи две.

Секој си има право да си ги сака и почитува корените, ние сме балканци и сме горделиви, но на запад поинаку гледаат на тоа, и секој си има право на изразување, на терање своја религија и фурање свој филм.
 
Можеш да почитуваш корени, не викам не ама не можеш да почитуваш 250 држави. Пак ќе го спомнам Јанузај кој треба 7 знамиња да стави, за Курањи на времето па да не збориме. Исто и Сане не гледам дека носи знамиња на Франција, Германија и Мали или од кај и да е.

И да да не ме цитира некој и за било кој да се работеше истово ќе го искоментирав.
 
Иначе што е поважно зошто знамето на албанија да е провокација?
Дали провокација е и крстењето на играчитие кога прославуваат?
 
Сега у клаџа слушам пензионери едниот слушнал на вести кажале дека му се јавиле ВАР на Брих за пеналот на Митровиќ ама он нејкел да го досуди.И одма тоа е проследено со сочни пцовки:pos::D:D.Јас не знам што се замара цела Македонија со Србија кога тие се копилиња невидени,сетете се кога ни извадија грчко знаме на сред утакмица со нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom