Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека расава и нема крајни можности, дефинитивно го разбив митот дека Германскиот овчар е подобар од Белгискиот, мислев дека Германскиот е многу по-паметен од Белгискиот но ова е страшно нешто... Наскоро би требало да набавам женка млада, па која возраст е идеална за да се земи дома притоа да нема некој последици од тоа дека е одвоена од мајката...?
 
Posle 40 dena i 1va vakcina moze da zemes
 
f552ccec597486741fd2b12de55dd9ad.jpg

870d104b4cfa8a98f5650f5659fe9fc1.jpg

Изгубено е хачиково претпоставувам, втор пат го гледам во рок од три дена, во неделата на Водно, утрово на Водњанска.
 
Наскоро би требало да набавам женка млада, па која возраст е идеална за да се земи дома притоа да нема некој последици од тоа дека е одвоена од мајката...?
Најубаво е да си почекаш да ти поминат сите вакцинации па после да го земеш кучето како што прават сите нормални ОДГЛЕДУВАЧИ во светот. Арно ама кај нас каде што сакаат да заработат од кучето дали и 40 дена ќе ти го исчува и ќе ти го трупне со сите проблеми што може да се јават па твоја одговорност после тоа да биде.
Ако прашуваш било кој ветеринар или одгледувач кој е љубител на расата и се грижи за доброто на животното никој нема да ти го даде пред да ги помине барем сите основни вакцини, кај некои ќе чекаш и за беснило.
 
Кажете некое интензивно и јако средство за прскање на двор? Мислам горе долу сите дека се запознаени со проблемот кој го имам со кучето, дека има демодекс и горе долу на 3-4 месеци му се враќа, сега кога фаќа и топло малце почнува и да се копа позади на бутот. Цело време му даваме витамини, 1-2 неделно го прскаме со амитраз, кога затопли и го искапивме со габичен шампон, пазиме и на исхрана и се, и пак му се враќа болеста. Почнувам да размислувам дека е до местото на живеење, пошо не знам некое друго куче толку долго да го влечка проблемов.
Да земам викендов со нешто да испрскам?
 
Boksot im go cistam so razreden hlor (mnogu da se pazi na soodnosot i da se izluftira prostorot. stari alista da se nosat zosto sekoja kapka pravi dupka). Trevite gi prskav so sredstvo insekticid razreden,denovive ke kupuvam pak,i ke ti kazam sto preporacale vo zemjodelska apteka
 
Имал ли некој искуство со лишманија кај кучиња?
 
Dolgirocna terapija i dosta teska.
 
Како да го научам кучето да престане да лае секое сабајле во 6:00? Ќе му дадам храна ама џабе за пола саат пак лае.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
на кој сајт е достапна базата на податоци со чипирани кучиња и дали ние како цивили можеме да ја отвориме и да гледаме само?
 
на кој сајт е достапна базата на податоци со чипирани кучиња и дали ние како цивили можеме да ја отвориме и да гледаме само?
Никаде нема информација за сите чипирани кучиња, нема централна база. Секој ветеринар посебно има информација само за чиповите кои тој ги стравил.
Со тоа доаѓаме до делот дека таа информација не е од јавен карактер, без разлика дали си ветеринар или граѓанин кои би сакал само да погледне во базата.
 
во ред. тогаш која е целта на чипирањето?
мислев има една генерална база на регистрирани кучиња
 
целта на чипирањето е да може сопственикот да го изнесе својот миленик надвор од македонија кога оди на одмор пример, или недај боќе ако има потреба од посета на лекар во друга држава. Тоа ти е мегународно усвоено и доаѓа на некој начин како матичен број на миленикот, истиот тој е внесен и во книшката и со тоа при контрола на граница можат да потврдат дека миленикот ги примил потребните вакцини и дека е прочистен од паразити.

Да треба да има и централна база со сите чипови но таа не би требало да биде достапна исто како што твојот матичен број не е достапен јавно. Е сега што живееме во МКД и требаат ХХХ години за да направат една проста база е друг проблем
 
Никаде нема информација за сите чипирани кучиња, нема централна база. Секој ветеринар посебно има информација само за чиповите кои тој ги стравил.
Со тоа доаѓаме до делот дека таа информација не е од јавен карактер, без разлика дали си ветеринар или граѓанин кои би сакал само да погледне во базата.
Чисто информативно од каде ти е информацијава дека нема база да податоци?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom