Вдомив куче и го чувам скоро година ипол, а толку е и старо, во двор врзано, но бидејќи не ми е добро заграден еден период навечер знаеше да го извади каишчето и да искочи. Почнав да имам проблем со комшијата му ги носеше влечките кај мене во двор и си играше, јас убаво му кажав да не ги остава надвор еден период додека не заградам. Но тој упорно се кара и навредува, а јас не се расправам. Од тогаш постојано го пазам, бидејќи постојано сум дома, да не искача надвор од двор и добро го врзав да не може да избега, и сега демек наводно пак му ги зело влечките и ми ги покажа и пак се расправаше а јас убаво му појаснив дека нема шанси да излегло и да му ги земе и дека лаже, а тој се закани дека ќе пријави во полиција. Е сега што доколку дојде полиција?