Видеото е од 16 Јуни 2018, се работи за поставување на споменик во Дечани, српската покраина Косово и тоа на Бег Ризај убиениот водач на терористичката група од Диво Насеље, Куманово. Рамуш Харадинај присуствува на откирвањето на бистата на терористот.
Како беше она, фамилијата, братучедите, Груевски и Мијалков го исценирале тоа во Куманово 2015
Единствена грешка е тоа што имаше уапсени, ама тоа во МВР си знаат. Ниту еден жив не требаше да остават од тие штеточини.
Реакција од наша страна дали ќе има на оваа провокација ме интересира, покрај тоа шо Заев беше на гости кај Харадинај на денот на годишнината од настаните од Диво Насеље.
Згора на ова, Советот на Општина Кумново на чело со Градоначлникот одбиле да дадат дозвола да се подигне споменик на загинатите полицајци. Апсолутно никаква врска нема кој стои позади настанот, тие припадници на МВР загинаа во одбрана на уставниот поредок на оваа земја бе, ама за џукелите партиски тоа е ирелевантно.
Нека земат на учките нека им направат.
Не реков јас дека сме од небо паднати и точно е дека историјата никој не ја поседува.
Јас лично, не верувам (погрешен збор е верба) во постоење на континуитет во грчката култура и нивната врска со антиката. Уверен сум дека истиот дисконтинуитет може да се докаже на многу начини. Самиот јазик старогрчки е многу различен од ова што денеска го зборат...ама ова се теми за други места и времиња. Политички, создателите на новата грчка држава, Британија, Франција и Русија, никогаш нема да го дозволат тоа...барем не додека Турција постои како регионална закана.
Затоа мислам дека можеби лавот беше посоодветна фигура, која повикуваше на средновековниот период и веќе беше користен од востаниците во времето на османлиите. Можеби татарите ќе јадеа бабури за тоа, а можеби и јас би го коментирал како пробугарштина во некои други, алтернативни временски развои на настаните, ама ќе беше полесно докажлив и немаше да има потреба да се измислуваат нови симболи со кои немаме никаква врска. Реков, масакрирањето на симболиката на истиот од страна на вмороните е уште едно нивно големо историско предавство поради кое не заслужуваат да бидат наречени патриоти. Изборот на таа иконографија и симболи укажува на романтизам, поточно, најчесто такви симболи се враќаат во погон кога се покажуваат аспирации кон други територии, некои што порано ни припаѓале, па ќе си ги враќаме. После втора светска војна, праксата е таквите симболи да се модифицираат за да не сугерираат на тие старите со кои дошло до тоа крвопролевање. После 200-300 години некој ако копа у Германија и најде кукасти крстови и си ги стаи за државни симболи „за да докаже континуитет“ - тоа би било нормално?
Ако веќе збориме за Битола, по логиката со Хераклеа, таму редовно наоѓаат остатоци од мастадонти у копот за РЕК, па треба да бараме континуитет од тогаш?
Затоа зборам дека ова со симболиве е приказна плус, која без врска си ја насадивме и ништо освен штета не видовме од неа, а за спомениците, веќе е апсолвирано каков зијан си направивме со нив.
Има разлика, мастадонтот никој не го оспорува од ниту еден аспект, а ме чуди пошто истата јаглена жила продожлува во грција и има еден куп термоцентрали изградено во тој правец.
Џабе е некоја апстрактна дискусија, има тема за херладика на форумот а и има веб страна од наши ентузијасти каде може исклучиво од тој аспект да се разгледа потеклото и историскиот развој на симболите шо се поврзуваат со нас, немам намера да навлегувам во тоа. Поентата ми беше дека овој договор со грција е буквално јарем ставен на една држава со сите тие членови за регулирање на некој строго внатрешно политички прашања.
Сега џабе антиквизација, патори, чуда... една година помина веќе, истите практики како претходно капаче на сето тоа ЗУЈ 2018, и договорите со бугарите и грците. Пошто гоца бркла ги мрцварела нашите од Голо Брдо, gragxanite heroi сега велат е ок паштета да ги направат. Грујче прифатил Горна/Северна и ние треба, сеедно изјавите давани на ТВ , око не му трепнува. Било за името било за законот за албанизација. Тоа ветувања чуда за депратизација и борба со корупција веќе се заборавени.
Монти пајтон Северна Македонија. Тоа е се шо треба да се знае.