Шоуто е “Менувам жена“!
Инаку и реакцијата на децата беше интересна и помалку слична, само беа многу посмирени.
Неспорно е дека ќе има и вакви реакции и кај нас.
[DOUBLEPOST=1528522567][/DOUBLEPOST]
Ајде да започнеме од почеток. Се што те прашав (освен за хомичите), се кривични дела според Кривичниот законик на Македонија (КЗМ).
- Сквернавење на умрен. чл. 401 од КЗМ
- Обљуба на немоќно лице. чл. 187 од КЗМ
- Полово дејствие врз дете. чл. 199 од КЗМ
- Родосквернавење. чл 194 од КЗМ
- Двобрачност. чл. 195 од КЗМ
- Вонбрачен живот со малолетно лице. чл. 197 од КЗМ
Бонус.
-Задоволување на полови страсти пред друг. чл. 190 од КЗМ
- Овозможување да се склучи недозволен брак. чл. 196 од КЗМ
Прв бонус. Дали државата треба да се грижи за она што ние го правиме во спалните соби, макар тоа да го правиме и пред малолетници? Или тоа го правиме “само за да го нервираме Мајк Пенс“!? Треба или не треба да стои оваа законска регулатива? И дали истата може да навлезе во интимноста на луѓето?
Втор бонус. За примерот што ми го кажа. Прво востановивме дека бракот не може да биде полноважен, но и некако да стане, повторно е кривично дело. Бракот ќе биде поништен, а башка може да се активира и чл. 194 од КЗМ. Сега биле или не биле во брак?