Интресна работа, ова фер и избалансиран договор добива ново значење. Како е фер и избалансирано кога 90% од точките од договорот се обврски кои што ние треба да ги исполниме и завршиме, не само во наредниот период, ами ќе треба да се погрижиме да важат за век и веков, да се самолоботомизираме самите и генерациите што следат, а единствена обврска која што произлегува од договорот за грчката страна е: да не го блокираат нашето членство во нато и еу, дури откако во целост ќе ги исполниме сите критериуми од договорот.
Дури ни тогаш не постои јасна гаранција и претстава што подразбира тоа "исполнување во целост" за грчката страна. Што би значело дека можат да не блокираат и по најмал основ.