Ај да прашам нешто.
Дали може јас со lan кабел да си земал од на Вип technicolor-от да си пуштам lan кабел до кај мене во соба и таму да си го поврзам мојот TP-link, за да можам да фаќам посилен Wi-Fi во дел од станот, а воедно и со кабел да биде поврзам рутеров со лаптопот, со цел поголема брзина да добијам?
Се продава некаде кабел и колку би ме чинело?
Не мислиш дека доцниш со ова априлилили твое ?
Вакви прашања поставуваат луѓе кои прв пат во живот ставиле Интернет по дома.
Секако дека можеш со мрежен кабел да го поврзиш Техниколор рутерот од Вип со втор рутер.
Мрежниот кабел ќе го купиш од Анхоч, Сет, Нептун, Техномаркет или најблиската продавница за компјутери и компјутерска опрема. Ма да во пракса треба да добиеш мрежен кабел и со самиот втор рутер што го имаш купено, но може да биде премногу краток за да стигне до просторијата во која планираш да го поставиш вториот рутер.
Едниот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со една од 4-те мрежни порти на Техниколор рутерот од Вип, а другиот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со WAN или Internet портата на вториот рутер што го имаш купено.
За понатамошно конфигурирање на вториот рутер што го имаш купено - име на безжичната мрежа, лозинка, тип на енкрипција на лозинката - ќе се информираш од соодветното упатство кое доаѓа со самиот рутер.
Доколку сакаш лаптопот преку мрежен кабел да го поврзеш со вториот рутер, ќе купиш втор мрежен кабел, така што едниот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со мрежната порта на лаптопот, а другиот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со една од 4-те мрежни порти на вториот рутер што го имаш купено.