Мене националноста не ме привлекува воопшто, доколку е можно да се замени припадноста на некоја нација со граѓанин на Светот јас одма би се сложил, но да се вратиме во реалноста. Ова е Балкан, тука времето е застанато во однос на западниот развиен свет, луѓето се делат и имаат предрасуди по сите можни основи како религија, нација, селанин или граѓанин, скопјанец или провинцијалец итн.
Така што во оваа констелација прашањето да се биде или не за нашиот опстанок е радикален отпор за промена на уставното име. Не дека од утре фрижидерите ќе ни се наполнат или не знам што, туку само и само за да можеме колку толку да имаме образ во ова дувло наречено Балкан. Да се разбереме, тука не се цени демократијата, попустливоста, компромисите и што ти ја знам. Тука владеат сосема други закони.
Затоа јас сум апсолутно и тврдо против референдум. Референдум кој ќе биде подготвуван внимателно од изродите од СДС и ДПНЕ со прашање округло па на ќоше и со кампања од цела медиумска машинерија. Курир, поликлинико, јанко, мирко, ефтоф, телма, сител, апсолутно сите ќе бидат платени за каузата да се постигне цензусот, но на крајот да се смени името. Не си го лажете паметот дека доколку излезат масовно сите од еден ќе победи опцијата против. Сите знаеме дека нема шанси тоа да се случи, на ваков медиумски мрак.
Затоа за мене по илјадити пат ќе напишам е лицемерно и нечовечки лефелендумот на глујо да биде распишан. Зашто однапред се знае дека ќа има цензус и ќе помине и на крајот гнасите од СДС и ДПНЕ, кои ние ги гласаме ќе си имаат алиби. Вторите повеќе од првите, но никој не им е крив на комуњарите што се апсолутна нула од партија.
Поентата ми е, ги гласаме магарињата за пратеници? Ги гласаме! Е па повелете господа одбранете не. Имате фора, мнозинството треба да е 2/3 за да помине сТрамната промена на уставот. Бирум можете отсега да почнете со отпор, непопуштање, лобирања што ти ја знам. Поддршката од народот во тој случај и тоа како ќе ја имате и ќе ја чувствувате. Ако веќе мора да се смени и има огромен притисок од странство како за ФИРОМ тогаш зошто да го валкате името на апсолутно секој македонец? Зар не сме доволно понижени досега?
Ние јасно и гласно се изјаснивме на 08.09.1991 година за името на државата, нацијата, јазикот, грбот, знамето. Нема што да не мешате во нешто за што сме одлучиле.
Сменете го вие ДПНЕ и СДС па после се гледаме на избори или на протести. Просто како граФ. А не Мицко ќе гласал против, за после да можат 15 години да крадат на власт, хоштаплери жморноски.