Накратко, цела Европа исфорсира и направи притисок кон Македонија и Грција за да се реши ова и веќе доаѓаме кон крајот, каков и да е. Завршува ова поглавје кое не можевме сами да го решиме 30 ебени годин, еј, триесе години ти тонеш и тонеш, глумиш лудило и само тапкаш у место, па потонуваш, па пак тапкаш и тонеш додека Европа, цела Европа оди напред. Не сум задоволен дека ќе дојде до промена на име, еве најотворено кажувам ама факт е дека ќе дојде до тоа. Ни ги фатија државие за уво, буквално како мали деца и да потпиешем нешто за што не се прашуваме. Штом се реши ова, одат на север 400км до Белград, да го испукаат фејк грујото у аут и „конечно“ Србија да го признае Косово. Чекор после тоа, веројатно најтешката задача да се реши, Босна.