Разликата тука е што во преговорите ние не сме рамноправни страни. Јасно беше дека главните отстапки ќе дојдат од нас.
Кај Грците ова доаѓа како финално откажување од поимот Македонија. На долг рок нас ни останува зборот Македонија од причина што не постои друг државен ентитет со зборот Македонија. Ако речеш Кореја луѓето ќе прашаат дали мислиш на Јужна или Северна Кореја, во нашиот го нема тоа туку под Македонија секако се подразбира нашата држава.
Е сега останува да се види целиот договор како е поставен зошто the devil is in the details.
Што би рекол еден енглез, државата беше Поранешна југословенска република Македонија а сите ја знаеме како Македонија сега е Република Северна Македонија и пак на сите најзгодно им е да продолжат да си ја викаат Македонија.
Мое мислење е дека и на долг рок кога ќе се каже Македонија сите ќе разбираат дека се збори за нашата држава а не на некоја грчка провинција кој никој не знае дека постои.
Нашиот заеб е што формално и дома ќе си го смениме името, ама пак на меѓународната сцена ќе постои само една Македонија.
Ќе видиме како во пракса ќе се позиционираат Грците.
Совршено е јасно дека во преговорите не беа две рамноправни страни, иако ние сме во подредена ситуација тоа по ниту еден основ не значи дека ние требаше да го прифатиме ова, не е сепак архаичен свет во кој после истекувањето на ултиматумот грчката авијација ќе започне со тактички воздушни напади како припрема за копнена инвазија, да бидеме сериозни
Во најтешките моменти за грчката држава за време на економската криза тие не отстапија ниту милиметар од своето географска одредница за севкупна употреба. Националноста и јазикот не ни можат да бидат предмет на преговори, само ете магично станаа и токму тие се „отстапката“.
Каде е логиката на 190 земји кои веќе те признале под уставно име да бараш да го употребуваат новото име во билатерална комуникација, кога најлошата варијанта која беше во игра до сега е онаа каде самите тие земји требаше да одлучат како ќе не ословуваат при евентуален компромис со малагите.
Да биде ситуацијата уште потрагична, грците покрај шо добија географска одреденица со додавка пред МКД за севкупна употреба, тие изшамараа и двојна формула, така ние за нив во официјална комуникација сме Severna Makedonja-според тоа шо е објавено во нивните медиуми.
Напишав веќе, дипломатско шармирање или шамарење тие си знаат.
Ова за обичен лаик изгледа како капитулација, кој знае како изгледа за искусен дипломат.
Што се однесува на детлите, веќе напишав дека преку тие фусноти оставаат простор за маневрирање и понатамошно отворање нови прашања доколку увидат потреба, така да во потполност се согасува дека не е прашање дали не прее*але туку колку и како.Ионака експлицитно не се обврзаа на ништо кон нас, а веќе видено шо значи меѓународен договор за малагите, ете ја времената спогодба како пример.
Е сеа малку емпирија во поглед на именувањето во пракса, глеам Антони Милошов размислување дека нешто ќе се изгуби па со тек на време...види вака, обично од Macedonia- во САД следно беше thats former Yugoslavia right?
Многу ретко некој одеше до таму thats in Europe, од тие шо имаа елементарни герографски познавања и воопшто се интересираа за било што, шо е потрагично истото важеше и за западноевропејците, инцидентно беше некој да спомене Ancient Macedonia etc. Thats in the Balcans right? и тука завршуваше. Чисто мој впечаток од буквално илијадници вакви муабети.
Значи и во пракса ја нема таа „забуна“ на која алудираат грците.
Дали ќе останеме како македонци или со тек на време ќе се наметне севрномакедонци како севернокорејци останува да видиме.
Тука сега каква е таа потреба ние да се откажеме од малцинствата во околните земји, конркетно во Бугарија и Грција повторно, и згора на ова да се прави дистинкција помеѓу македонците од Северна Грција и ние тука?!
Значи ова е апсурдна ситуација, буквално се самоукинуваме како народ после сево ова.
Овие сега прават нешто шо секоја една претходна власт без исклучок можеше да го направи и тоа го претставуваат како нешто исклучително, па кој qr до сега сме губеле време не ми е јасно, по кратка постапка се фрлија во ветер.
Јазик и националност не може да бидат предмет на преговори, исто како шо е крајно неприфатливо од корен менување на се во државата. Категорично сум против овој договор, безмалку и поради тоа шо до сега се пласираа изјави во јавноста дека нема шанси да дојде од промена на името за внатрешна употреба и дека апсолутно ништо друго не е предмет преговори за на крај да кажат дека е пакетче. Така единствено се води стока на кланица, не се создава државтворност.
Мислам дека со вака опфатен договор грчата дипломатија само го трасираше патот на своето понатамошно делување, а во пракса особено во поглед на дипломатијата се знае од прилика како ќе се одвиваат работите.
Овој предлог на Европската Комисија ќе треба да го усвојат пак сите земји со консензус

Тоа не верувам да би се случило бидејќи настрана Грција многу земји не би сакале да се откажат од тоа право на вето.
Евентуално ако би дошло до усвојување на тој принцип на мнозински модел сигурно нема да биде автоматски за сите работи и истиот би се применувал за мал број прашања иако и за тоа сум скептик.
Мнозински модел за прием на нови членки нема теорија да се примени ни сега ниту пак кога било во иднина.
Во секој случај самата иницијатива е знак на надеж за нас ако веќе капитулиравме, макар што не е се завршено.
Ионака нема многу скоро да станеме дел од ЕУ а сме де факто доминион на НАТО, така да не гледам зошто ако вакви чекори го гледаат светлото на денот покрај 30г чекање да почекаме уште малку. Во најмала рака ќе се смали позицијата на Грција, значи ништо не губиме.
Освен ако некој сега се дрзне пак да прави востанија кај нас да послужат како катализатор за одредени процеси кои се во тек, а тогаш богами доста граѓани ќе станат патриоти.