Пред прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев, ДУИ излезе со поддршка за владата. Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи рече дека го информирал централното претседателство на партијата со текот на преговорите за името и додаде дека неговата партија дава безусловна поддршка за последната одлука на владата.
„Го информирав раководството на партијата во врска со преговорите со Република Грција за спорот за името. Разговаравме за нашите позиции, за предизвиците. Нашето партиско раководство, по добиените информации одлучи да даде силна поддршка за последната владина одлука и за позициите на владата за затворање на овој повеќегодишен спор“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
Почнува Северно Македонска офанзива...уште 2,5 години перење мозок