За што се преговараше цели шест месеци јас не разбирам.
Грците ни истурија све на маса, почнаа со најлошите можни предлози кои што и нискоинтелигентен примат не би ги прифатил, за на крај од лоши предлози да дојдеме до дипломатски уредени термини за неукиот македонски народ полесно да ги прими. А во суштина се работи за истиот првичен лош договор.
И што во суштина ни направија Грците а што добивме ние од целото ова преговарање? Ти вели: од утре ти ќе бидеш Северно Македонец, па бирај каде ќе стои тоа северно, дали сакаш да го примиш од напред или да стои одпозади.
Ти вели оти јазикот ти е словенски па ти ставај точки, запирки, извичници, коси црти и ѕвездички каде сакаш. Јас и не сфаќам кој уствари и го негира словенскиот карактер на јазикот па тоа мора да стои нагласено.
Во суштина се што можеше да се осакати се осакати. Добија ерга омнес, уставни промени, промени во именувањето на јазикот и самопоределбата. Се откажавме од малцинствата во регионот. Со овој договор во Егејска а со бугарскиот во Пиринска. Со тоа самите го негиравме тој дел од историјата. Негираме оти на тие територии било кога живееле и постоеле македонци.
Ние уствари си создадовме нов идентитет, избришавме еден клучен дел од историјата врз кој што до сега ја темелевме својата државност и идентитет. Тој историски период е како искината страница, црна дупка во меморијата. Избришавме цела една генерација на луѓе, наши претци.