Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Прво и основно не е недифиниран, не треси глупости.Ај поконкретно, како преименувањето на државата од Македонија во Северна Македонија го загрозуван нашиот идентитет (сеуште недефиниран)?
Второ, никаде не напишав дека некој го загрозува она шо се дефинира како идентитет на еден народ туку се оди на преимнеување на истиот.
Ете пластично да ти нацртам, никој не рече дека ќе се промени на било какво начин Тешкото како етно обележје или Галичката свадба, меѓутоа се оди на преименување на националната целина од која тие етно обележја се дел.
Имаш куп примери, зошто имаш севернокорејци и јужнокорејци на пример, ете баш се актуелни сега?
Знаеш дека речиси и да не постои разлика во етно обележјата помеѓу народот во Северна и Јужна Кореја.
Прашај се зошто грците категорично не прифаќаа додавка пред Република и зошто истата мора да го подлегне Уставот на измени.
Таки Фити:
Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба.
– Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување.
Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!