Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Кире ти си пример како не треба да изгледа еден инвеститор . . .
Ти брат си залутан на берза. Ти се коцкаш. Ти имаш добивки само затоа што го имаш фатено трендот, а не дека нешто разбираш . . .
Незнам дали отвараш ФИ, но знам дека Биланс на состојба не разбираш . . .
Ако разбираш никогаш не би купувал СТИЛ, а уште помалку би ја промовирал и препорачувал на други.
Околу читањето на ФИ можеш да се изјасниш и да ме демантираш . . .



Кире јас не сум на берза само за 40%, јас играм долгорочно. Мене ми е поубаво да земам секоја година по 15% отколку еден месец 40% . . . Берзата ја поебаа во 2006/07 неписмени битанги што купуваа СТИЛ и РЖ, а не Грујо . . . Грујо излегуваше на ТВ и ги предупредуваше луѓето за ризикот, а Чомовски, ХаџиМишев, газдите на фактор.мк неоправдано ја билдаа . . . . овие последните и сега тоа го прават преку нивниот портал . . . .
Јас немам ништо против НАТО, но имам против такви како тебе што ја пласираат таа приказна и заведуваат народ . . .
Откако ќе експлодира балонот НАТО никој жив нема да ја врати берзата следните 2-3 години . . .

1. Татко ти и останатите што земале кредити за да се коцкаат на берза се ТИЕ неписмени битанги за кои пишував горе, тие се оние што ја срушија берзата . . .

2. Ти веруваш во Заев зошто дома ти переле памет со години, а не дека гледаш некој реален напредок. Кажи една инвестиција од тие 200 компании кога ќе почне да работи, гледај нека вработуваат барем 300 луѓе и да не е Џонсон Мети ???
Каква е економијата зборува фактот дека 2 година сме на НУЛА . . .
https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=JbT9dv_GUUg
(еве еден од СДСМ зборува за тоа, немора мене да ме читаш и слушаш)
Нека донеси Заев 5 фабрики по 1000 вработени, нека не крева даноци и акцизи и ете јас ќе станам негов фан. . . . Но знам дека Љубе, Самка, Шапурич не се способни тоа да го сторат. Министрите во влада се тотално неспособни затоа нема резултати. Тие се таму поради политички заслуги, а не поради способност . . .
Јас го пишувам само она што го гледам без емоции . . . . Груевски го почитувам дека намали даноци и дека вработи 170.000 луѓе и донесе доста фабрики, а не дека ми е зет за братучетка . . .

3. Груевски не го донесе Самсоненко. Само му овозможи да изгради сала. Самсоненко е најпозитивниот лик што и се случил на Македонија. Нема поголем македонец од Самсоненко.

p.s.
Од 2014 до 2016 година многу поискусни инвеститори извозија акции на кои имаа ќар по 100/150% годишно (ТНБ, СТБ, ППИВ, Тетекс, ПКБ, ОХБ ) и за тоа никаков политичар не беше заслужен. Како што и денес за овој раст никаков политичар не е заслужен . . . . Во тој период од 3 години направивме по 400 - 500% добивка и за тоа не е заслужен Груевски . . . . туку ние самите кои верувавме во тие фирми и инвестиравме кога никој за берза не зборуваше. . . И сега чекаме некој ваков Ултрас да му утрпиме по некоја акција и мирно да се пензионираме.
Прашај го Грими колку акции од СТБ има купено на 130 денари ???
Јас имам ТНБ купувано на 1700, ОХБ на 950 денари, СТБ на 190 денари ???
Прашај го Декис колку луѓе купувале Тетекс кога тој првично почнал да го собира на 300 денари . . .
Така да брат нас не ни е потребно НАТО . . . Нато им треба на оние со СТИЛ акции.
А татко ти што не ги вратил парите 10 години значи дека не ги разбирал работите. И јас изгубив првично цел стан на берза, но седнав, учев едно 2-3 години и после се ми се врати многукратно . . . Искоцканиот стан ми донесе неколку нови станови . . . . Но пази Стил го продадов со 15% загуба, Млаз со 70% загуба, Кабли Неготино одвај се извлеков . . . и си купив СТБ . . . .
Се е школо само треба да сакаш да учиш . . .
А кога ќе се јават некои поискусни фраери кои сакаат да те подучат не се инаети туку гледај нешто да купиш.
Во клипчево вика Финасиски сектор пад од 0.8% а Трите големи банки растураат, имаше години кога не бевме во рецесија (2013, 2014, 2015) кога слабо одеа банките а севкупно бевме надвор од рецесија (раст 2-3%). Мислам дека се е поради глупите сметководствени правила на НБРМ.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
upload_2018-6-10_18-48-26.png

Еве малку наука на MSE:
Како фактори кои ми послужија да се кластрираат акциите се: p/e, p/b, ликвидност и дивиденден принос.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Ок Bosko те разбирам , не викам дека не си во право за некои работи..
Јас признавам дека сега играв на Нато еуфорија и го фатив трендот нормално , но и нема да згрешам бидејки купив ниски акции ..
За Макстил вложив бидејки ке рипа ради еуфорија и гарантирам дека ке оди до 300 , за Гранит 2 квартал ке биде подобар и ке си дојде над 1,200 денари
Заев оди во четврток за Германија очекувај нови инвестиции , јас реков ако се реши името сите овде може да се пензионираме од акции :)
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
mozebi ne si procital se nanazad... a cudno e kako nadavno ti bese prozvan da go napravis toa i kategoricno odbi da go napravis. a sega predlagas drugi da go otvorat svoeto portfolio.
Во светот е вообичаено менаџерите да си ги објавуваат приносите за инвеститорот да може да ги спореди со индексот и да види кој имал најдобар успех пред да му ги довери своите пари. Поради тоа, воопшто не е сеедно дали постот го напишал некој што вложил наследени или подарени пари и е во минус или некој што вложил сопствени заработени пари и е во плус, односно барем подобар од растот на индексот за соодветниот период.

Инаку, јас повеќе би сакал на форумов да покренувам системски теми коишто се однесуваат на сите членови. Интегритетот на пазарот е клучен за стабилен и долгорочен раст, а огромен број учесници (пред се' брокери, менаџери и регулатори) го користат како свој приватен имот за краткорочна заработка. Со ваквото криминално делување на сите нас ни' прават долгорочна штета доколку не инсистираме сите малверзации да се разрешуваат. Досега на форумов веќе имам наведено барем 3-4 за коишто во нормална држава би следувале одземање на имот и долгогодишна робија, а овдека изгледа само јас се потресувам поради нив.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
за Гранит 2 квартал ке биде подобар и ке си дојде над 1,200 денари
Заев оди во четврток за Германија очекувај нови инвестиции , јас реков ако се реши името сите овде може да се пензионираме од акции :)
Гранит во 2017та има 10 проценти помалку приходи од 2016та и 50 проценти помала добивка. Оваа година пак има 40 проценти помалку приходи од 2017та и 70 проценти помала добивка. Како ти очекуваш акцијата да порасне повеќе од 50 проценти мене не ми е јасно.
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2017
Мислења
186
Поени од реакции
154
Mnogu od investitorite na berzava voopšto ne citaat podatoci za rabotenjeto na firmite,nitu pak sledat parametri.Baš poradi toa doagja do rast na neprofitabilni kompanii.Primer,gradežnicive ni se tapa vo momentov,a cenite im rasnat.Makstil so dobivka od 0.11 denari ,kako moze nekoj da ocekuva dupliranje na cenata. IMG_20180610_200933_119.JPG
Spored mene i da ne vlezeme vo nato nema da ima pad na cenite zatoa što prometot e 60% od pravni lica koi vo momentov se polni so pari i neznaat što so niv.Taka da spijte mirno...aj otidov da mavnam edno dabče.
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Гранит бо 2017та има 10 проценти помалку приходи од 2016та и 50 проценти помала добивка. Оваа година пак има 40 проценти помалку приходи од 2017та и 70 проценти помала добивка. Како ти очекуваш акцијата да порасне повеќе од 50 проценти мене не ми е јасно.
Другар берзава е понуда и побарувачка , како што кажав Гранит сега е слаб но во следниот период ке биде подобар бидејки ке земе проекти .. (во време на Вмро беше јак па цената беше иста )
Значи не секогаш сите акции рипаа ради профит на компанијата , таков пример ви беа Алкалоид ,Комерцијална и Гранит во тоа лошо време на берза и останаа иста цена..
Не се убедувам со никој , но за краток период ке видиме кој ке биде во право за Гранит и Макстил :)[DOUBLEPOST=1528654742][/DOUBLEPOST]
Mnogu od investitorite na berzava voopšto ne citaat podatoci za rabotenjeto na firmite,nitu pak sledat parametri.Baš poradi toa doagja do rast na neprofitabilni kompanii.Primer,gradežnicive ni se tapa vo momentov,a cenite im rasnat.Makstil so dobivka od 0.11 denari ,kako moze nekoj da ocekuva dupliranje na cenata.Прегледај го приврзокот 192037
Батали цената , во еуфорија ке си вози Макстил тоа се обидувам да ви кажам дали е оправдано или не нејќам да коментирам ..
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Da citaa nasive berzijanci finansiski izvestai nemase da dozvolat MTUR da bide na ovaa cena :) Berzava ja proteziraat kako sto e modata na nekoj ke mu tekne za nekoja akcija i site kako ovci vlecat nagore ? Koja e logikata da vlezes na 8300 vo alkaloid a da ne kupis MTUR na 4500 na primer ? Ta neli ako veke zborime za nato prvo doagaat hotelskite lanci ili odma ke se zaletaat po analgin posto ke gi boli glava kolku nepismen narod tera na berza :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ова е уделот на двата наши гиганти во Скопје 2014та. Според истражувањето на Призма тие сработиле речиси половина од целиот проект.
 
Член од
16 февруари 2018
Мислења
18
Поени од реакции
27
Parite se potrosija
Sleduva korekcija.. NE se letajte IME EU NATO ZATVOR BROJCANIK nisto od toa...
Esenva siroka koalicija na prolet izbori..
Slusajte poiskusni nese inatete.
@bosko007 vi kazuva realno I iskreno
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Pa nekako si kontradiktoren sam na sebe... bas lancite na hoteli nema da dojdat da investiraat vo gradba na hoteli i da napravat joint venture so MTUR... kako sto sme svedoci zadnite 10g se otvorija preku 20 novi hoteli koj nemaat dopirna tocka so MTUR i mu go jadat lebot - a toa se gleda i po nivniot FI kade sto sekoja godina im pagja prometot a oni so kesot go menuvaat biznis modelot vo fond za investicii.

* ako mislese na NATO i da spijat po nivnite hoteli toa pa uste pomalce kje se ostvari - usmrdeni i nerenovirani poslednite 20g ima podobar izbor.
** ne velam ne e prinosna akcijata (dividendata si go pravi svoeto) ama nekako kako bes ideen dolgorocen plan se...

Da citaa nasive berzijanci finansiski izvestai nemase da dozvolat MTUR da bide na ovaa cena :) Berzava ja proteziraat kako sto e modata na nekoj ke mu tekne za nekoja akcija i site kako ovci vlecat nagore ? Koja e logikata da vlezes na 8300 vo alkaloid a da ne kupis MTUR na 4500 na primer ? Ta neli ako veke zborime za nato prvo doagaat hotelskite lanci ili odma ke se zaletaat po analgin posto ke gi boli glava kolku nepismen narod tera na berza :)
[DOUBLEPOST=1528706660][/DOUBLEPOST]FALA druze...

portokalovo/plavo bese dava nedava denda? nekoj ne mi se poklapaat...

Прегледај го приврзокот 192034

Еве малку наука на MSE:
Како фактори кои ми послужија да се кластрираат акциите се: p/e, p/b, ликвидност и дивиденден принос.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
[DOUBLEPOST=1528706660][/DOUBLEPOST]FALA druze...

portokalovo/plavo bese dava nedava denda? nekoj ne mi se poklapaat...
Намерно не напишав мое толкување, секој нека го гледа графиконот и нека носи свои заклучоци.
Самиот алгоритам врз основа на дадените вредности за p/e, p/b, ликвидност и дивиденден принос ги дели во два кластери акциите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Грција нема да бојкотира: Законски ќе можеме да купуваме станови и акции во странство

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2018



inShare

Македонците ќе можат да купуваат куќи, станови и други недвижнини во странство, но и акции во странски компании и од странски фондови, набрзо. Она што досега беше законски забрането ќе биде овозможено поради тоа што Македонија влегува во втората фаза од стабилизацијата и асоцијацијата со Европската Унија. Одредбите кои го менуваат ова правило се во Законот за девизно работење, во кој е напишано дека граѓаните немаат право да купуваат акции и станови и куќи надвор се до истекот на првата етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Меѓутоа, Владата веќе соопшти дека таа етапа е завршена, а Грција нема да се противи на стартот на втората фаза што значи дека и можноста за купување недвижнини надвор веќе ќе биде овозможено. Засега нема детали кога точно формално почнува, но сите институции кои се вклучени потврдуваат дека тоа ќе се случи набрзо.

Повеќе во недвижнини

Од Народната банка за Фактор велат дека со формализирањето на влезот во таа втора фаза и физичките лица од земјава ќе можат да вложуваат во недвижнини, да регистрираат во странство домашни хартии од вредност и удели од резидентни инвестициски фондови без претходно одобрение од Комисијата за хартии од вредност. Од друга страна ќе можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство и ќе можат да издаваат и регистрираат странски должнички хартии од вредност со рок на доспевање над три години во Македонија.

„Oвие одредби, во суштина означуваат поголема слобода за домашните резиденти во поглед на начините со кои ќе можат да располагаат со својот финансиски и нефинансиски имот, односно зголемување на расположливите инвестициски алтернативи за резидентите.Од наведените трансакции коишто ќе бидат предмет на либерализација, искуството покажува дека интересот на јавноста е првенствено насочен кон трансакциите со странски недвижности и евентуално со одредени категории на странски хартии од вредност“, велат од Народна банка.

Оттаму сметаат дека од второстепено значење ќе бидат либерализирањето на издавањето на домашни хартии од вредност во странство и издавањето на странски хартии од вредност во Македонија, главно поради слабиот интерес на граѓаните воопшто за издавање на хартии од вредност, но и поради скромниот степен на развој и мал абсорпциски капацитет на домашните финансиски пазари.

Уште деталите

Инаку изработката на евентуалните измени на Законот за девизно работење, заради прецизирање на новините со влезот во втората фаза на Договорот е во надлежност на Министерството за финансии. Сепак оттаму засега не дадоа мислење.

Се тврди дека за да почне да се купуваат акции и недвижнини во странство ќе треба освен измените и да се донесе заклучок со кој ќе престане да важи сегашната одлука за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Сите овие измени ќе бидат донесени и ќе стапат во сила по формалното започнување на втората фаза.

Ограничувањето за вложувањата надвор и можноста за либерализација беа вметнати како преодни и завршни одредби на законот за девизно работење каде јасно е разграничено дека со влезот во втората фаза од тој процес веќе нема ограничувања.

Пред еден месец Владата соопшти дека ја усвоила информацијата за премин во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијацијамеѓу Република Македонија и Европската Унија. Владата ги задолжи надлежните министерства и другите органи на државната управа, кои се засегнати со преминот во втората фаза на Спогодбата, да направат анализа и да дадат најнов пресек и статус на соодветните одредби. Одлуката на Владата дошла откако била испратена вербална од Канцеларијата за врски на Република Грција до Министерството за надворешни работи на 23 февруари годинава, во која се информира дека Грција нема резерви во однос на преминот на Република Македонија во втора фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom