Неможам сега да опраам за Шешељ, ама неговиот придонес ќе се види ми се чини во иднината, ако се види... да оставиме да покаже времето, не е тема на разговор тука...
За третата опција сме претежно на исто мислење како стојат работите, освен за тоа што велиш дека Левица успеа да опстане... Тоа е заради фактот што беше доста проширена, тие фактички ги започнаа протестите.. и така стекнаа популарност, а кога се уништува такво нешто не се иде на сила тоа е контрапродуктивно, туку полека се подјадува ткивото... Не е никаков успех што опстои Левица, ударната сила и заврши....останува да се чека наредна прилика...
Во едно такво сценарио, има највеќе неколку месеци за да може да се стори нешто повеќе... Притоа треба да има наклоност барем од дел на полицијата или некои безбедносни сили... Па дури и да успее едно такво сценарио, прашање на време е кога старите кадри ќе ја инфицираат и таа нова владеачка структура... Така да без сериозна структура во позадина, нема шанси да се направи никаква суштинска промена, единствена промена што е возможна е терминолошка....
Кои се можните начини на делување е широка тема на муабет и не е за тука... Меѓутоа дека постојат начини... постојат. Но сигурно е едно, потребно е многу време... А во тоа време треба да сме спремни и дека ќе ја изгубиме државата...
Истото сум го пишувал, меѓутоа тоа пак не значи дека треба да се пристапува со дефетизам кон било која трета опција, во лсучајот Левица, треба да им се даде шанса, дефетизам единствено прифаќам во изборот меѓу она шо е веќе видено.
Со
@Klin @Bateman ко преплатени да сте за критики на секоја власт. Само критикувате, ќе сакате ли да не удостоите со некое решение според вас. Сепак колку толку сте начитани и образовани.. вака излегува дека само кукате како црногорецот кога си ги наседнал јајцата.
Сериозно ова, ќе може ли бар едно решение да кажете, Зајко не прави го тоа така, направи го вака.
Имаме член на форумов кој може газдата на Зара да го донесе, па сигурно со Заев се на Ти па ќе пренесе.
За почеток место оваа власт да вработува со партиска книшка како и сите претходни, да почне да нуди можности за сите на транспарентен начин, тоа би било за почеток доволно во догледна иднина да се видат резултати.
Место транспарентност добиваме дупење во мозок, велат дека биографијата на државни службенци вршители на јавни функции е приватна работа

нема проблем, нека ги изостават сите податоци кои се надвор од работно искуство, формално и неформално образование, и тоа ше ќе остане неко го објават, попатно да прашам до кај се сите тие транспарентни конкурси за цела сурија раководители шо беа назначени за вршители на должност, пошто тоа беше само привремено решение?!
Место твитер елитата која ја вдомија овие сега или ете кога веќе вработиле за развој на нуклеарна програма некој со памет и школо барем да не се бркаат за да се вдомат партиски војници, патем речено има некој проверено до каде е таа нуклеарна програма, шо сработиле славните партиски деца од бомбите во меѓувреме?!
Од друга страна имаш стадо советници и армија на управни одбори полни со такви шо знаат како треба и шо одбрале една страна од двете вистински опции кај нас, шо има јас да се замарам покрај толку паметни и школувани луѓе на буџетска цицка.
Нит сум се каднидарал, нит сум ветувал нешто некому, нит сум добил функција, нит иам власт сходно на ова нула влијание...
Сеа ти кажи ми по кој основ баш нас тројцата не избра да не прозиваш?