Момци, видете вака, вакви срцепателни пораки и евоцирање на патриотски чувства имаат ограничен ефект. Ова не поминуваат кај средната класа, која иако малубројна има големо влијание, ниту кај огорчената младина која не ја памети предрамковна Македонија. Пцовки и клетви имаат само негативен учинок.
Ако сте против било каква промена на името и сакате да ја ширите таа идеја има и друг начин. Покрај оваа очигледната, има уште две причини, т. е. групи на причини, човек да биде против: прво од правдољубивост, второ од прагматичност.