@beneamata Не знам колку е точно тоа за 30ти јуни, така пишува на трансфермаркет, ама и да е, ако добро разбрав договорот за негов откуп истекувал у Мај, најверојатно за да јуни имаат простор Валенсија да преговараат со други тимови ако не иде кај нас. А ова со 30ти може да има логика зашто Интер го зима на година дена и тој период они му ја покриваат платата, што не значи дека од први па нагоре овие не смеат да го продадат у друга екипа у ситуација Интер да не им даде 35м евра до поставениот рок. Веќе извесен период медиуми и од шпанија и од италија истото го пренесуваат, дека кансело е приликата за валенсија да го покриваат минусот, затоа и воопшто не попуштија за него, знаеа и сами ако не добијат од нас 35м евра, у јуни ќе можат да преговараат за повеќе со друг тим, нешто на кое очигледно и работат.
Иначе ја не рационализирам, тоа за одбраната е факт дека е распар, ужасен е назад, ама у никој случај не ми е сеедно што си иде, зашто нас очајно ни требаше офанзивен десен бек, плус овој е млад, одлична техника има ( за крило у напад ) и уште еден огромен простор за напредок плус, и реков, спалети не успеа од него да го извади максимумот оваа сезона, ко што направи со броз пример или Икарди, Скриниар, така да можевме и можеме далеку бољи партии од него да добиеме.
Сеа мора да се пазари десен бек и тоа бек што е добар у офанзива, работа плус си отвараат, а таков достапен сеа за сеа не глеам што би дошол у интер, и оној врсаљко од атлетико не е таков. Флоренци од Рома се споменува, ок, овој го има измислено фудбалот и за кансело ама он никад нема да си иде од рома зашо е нивно дете и му предвидуваат иднина ко на де роси и тоти, лојален до крај, а ако више заминува тешко дека у друг клуб од италија би идел.