Сум приметил дека повеќето што работите на MacedonianFootball, многу тешко прифаќате дека има местенки во Мак фудбалов
Баш треба вие да сте најзапознаени со состојбава и како се мести на велико.
Пример, за дуелов Борец-Победа на големо се знаеше кој ќе победи. Пожустро ќе беше ако тепаше Гостивар на пеналите и тој дуел меѓу нив и Борец не беше наместен.
За минатата сезона и јас не верував многу дека било местено финалето и уште не ми се верува, бидејќи Шкендија немаше многу ќар од тоа. На големо се шпекулираше дека местењето одело преку политичките партии, со молења преку ДУИ. Нема да навлегувам, бидејќи ми нема многу логика.
Сепак, такви опции не треба и не смее да се отфрлат со толкава сигурност како што прикажувате вие.
Реалноста е дека премногу се мести. Имаме деца од населба што играат како позајмени во втора лига. Викаат еден натпревар немаме изиграно поштено. Им викаат ќе стоите, ќе примите гол, после они ќе вратат итн. Се мести во поново време на 2+ по полувремиња, нема веќе прелази како порано.
Јас со глава гарантирам дека во пролетнава полусезона, 90% од натпреварите во втора лига беа наместени.
Ни во прва лига не беше поарно. Вардар им подели бодови на пола лига. За жал, пола од газдиве на клубовите се некои апаши што заработуваат преку кладилнициве. Привремено клубовите се користат за да се задржи локалната власт преку некој излез во Европа и кревање на фама околу тоа.