Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.539
Поени од реакции
28.959
Да имаме сеуште висок процент на невработеност, но со отворени граници поготово младите и кои работа и тие што не работат ќе можат да работат на запад, знаејќи дека барем ќе можат да заработат нешто, а знаеме и дека им требаат работници. Тогаш нема да има пречки за да отидеш и автоматски никој нема да сака да работи за моменталниве мизерни услови што ги нудат газдите. И сега јас сум убеден дека скоро секоја фирма има услови да им даде дупло од платата што ја земаат работниците ама им се може да го прават ова баш ради тоа што јас ако не прифатам да работам за плата под 20000 (за тоа што го работам моментално), газдата е свесен дека ќе најде човек што ќе му работи за 15000 денар.
Додека ние не почнеме да се цениме и да си фо вреднуваме трудот, ние ќе бидеме у овие гомна. Знам дека луѓето се во тешка безпарица и дека прифаќаат се од газдите ама ќе мора еден ден тоа да се смени ако сакаме де не биде. Се додека ќутиме и како попчиња прифаќаме се, ова што ни го шрават и го заслужуваме.
koj trud potocno? trudot za otvaranje partiska kniska i rabotenje vo javna administracija? najsokantna statistika e sto mnozinstvoto na mladi luge sho tek doprva treba da ja gradat ovaa drzava sakaat da rabotat vo javna administracija namesto da imaat privaten biznis.
nema pobaruvacka za rabota, nema konkurencija, nema golemi plati.
http://isppi.ukim.edu.mk/files/studija-mladi-13.pdf
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.742
Поени од реакции
5.016
Гo знaм јaс тoa мнoгу дoбрo,aмa не сум нaучен дa печaлaм нa туѓa несреќa,мaдa сум приметил декa не сите се блaгoдaрни,меѓутoa сепaк претежнo тие штo рaбoтaт крупни бизниси у МК се превaрaнти и криминaлци
Нема тука потреба да се гледа среќа и несреќа или преваранции. Имаш пари, сакаш труд, купуваш на пазар исто е како јагоди и патлиљани. Некој продава ти купуваш или обратно. Трошоци се трошоци, нормално секој доброволно се пријавува за продажба на труд и доброволно купува. Исто е проблем ако некој даде отказ, исто е проблем ако некој го малтеритраат, може вработени да прават штети итн. Нема некоја филозофија или морализирање.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.674
Поени од реакции
28.096
Џабе правиме муабет, тие што можат да даваат и дупло од моменталната плата се заштитени како бели мечки од политичките елити. Од друга страна гледаме државата кои целни групи највеќе ги глоби, помали бизниси во развој кои немаат никаква заштита и доволно финансии да плаќаат големи рекети на разни локални шерифи и политичари.

Дури и последнава мерка на сегашнава влада е епик фејл. Луѓето што очигледно се нешто поспособни и зимаат над 1000 евра (и можеби во иднина сами ќе бидат бизнисмени и ќе креираат работни места) ќе ги даночи со дополнителен/повисок данок и ги дестимулира наместо да биде обратно..



И мене ми беше поентата дека доста само критикуваме како бизнисмените давале мали плати и се богателе на сметка на народот, намесот тоа нека тргне секој од себе нека ризикува и отвори бизнис па нека понуди подобри плати. Така сакале - нејкеле и они ќе мора да понудат поголеми плати..
Гaздaтa нa Кaм мaркет тежи 150 милијoни вo еврa.Знaеш зa тие 15 гoдини нa врaбoтените дa дaвaл местo 15 дa дaвaл 20.000 кoлку ке билa рaзликaтa? Ке имaл не 150 туку 149 милјoни.И? А вaкa сегa врaбoтените се смрштени секoгaш нерaспoлoжени и дa не ти нaбрaјaм кaкви се не пoследици имa рaди мaлите плaти.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Никаква врска нема муабетов, затоа што едноставно секој може да си се проба да биде тој со џипот.

Мислам и многумина тоа го сакаат, само не му стиска газот и плус не можат да го издржат темпото :D
Можеби, ако ова беше некој паралелен универзум и ние бевме Ирска на пример. Или замисли поседувавме научни паркови од каде што ќе излегуваа најнови иновации. Места како Силициумската долина или супер техоношки градови како Шензен во Кина...
Но реалноста е друга, за жал. Кај нас за претприемачи и бизнисмени ги сметаме ликови ко Вицето. Љубе Бошковски е факинг советник за странски инвестиции.

И не тоа дали му стиска газот или не, туку нема никој нормален што би кренал кредит за да отвори бизнис тука или да го заложи својот капитал, во овие услови за водење бизнис ризикот е преголем а веројатноста за поврат на средствата и остварување на профит е минимална.

Да ги распределуваше ликот со џипот парите по вработени, сите ќе имаа коли и улицата по која ќе доаѓаше до фабриката немаше да биде таква за да има потреба да се вози мрсен германски офроуд, туку ќе можеше и со некој културен седан. Може звучи смешно и утописки, ама функционира по светов.
Бафра ужива у суров капитализам, сака да го осети ко операција без анестезија.
Всашност, поточно впрочем, да ја реинвестираше братучедот украдената миљарда у сопствената држава, а да не ја носеше у к***ц - Белизе, може и никој немаше да примети дека ја украдоа, ама тоа е кога од опинци стануеш голем газда - не сфаќаш како се растат парите, пошо си почнал со украдено. Јас, на пример, сум чоек што не поштуе централизирани системи околу една личност, меѓутоа еден од потезите на Путин го ценам, иако не е многу успешен, меѓутоа истиот тој за да не ги ремети новопечените олигарси со затвори, банкроти им постави услов да ги инвестираат парите во сопствената земја (релативно касно, откако го купија пола Лондон и Њујорк). Сега, со тоа си ги прибра на своја политичка страна (и затоа не го ценам многу), ама е барем некаков обид да се намали сиромаштија на народот.
Знам дека си многу млад, ама после постов Бафра да ти се обраќа со „Пресветол мудрецу“ (ова не е иронија).
Знам јас што му е филмот на Бафра. Тој се залага за терминот survivor of the fittest, слично како во природата, синџир на исхрана, големите ги јадат малите и на нивната несреќа растат. Затоа и вели: кој ти е крив ако си неспособен, не си роден претприемач ко Илон Маск или Џеф Безос. Трудот е поддреден кон создавање на богатство на овие првиве кои се на врвот на синџирот на исхрана.
Никој не збори за ропските услови за работа во магацините на Амазон и тоа што на работниците му се наметнуваат нечовечки квоти кои што мора да ги исполнат за да земат минималец.
Исто, се повикува на традиционалниот капитализам и неговите зачетоци, истовремено испуштајќи од предвид дека ова е 21 век и индустриската револуција е историски пресврт кој што теориски се изучува низ учебниците по економија низ светот. Факт е дека многу економски закони сеуште важат, она што го испушта од предвид е тоа што ова е време на глобализација, трудот релативно лесно мигрира кон точките кои што му овозможуваат најдобри улови за живот. Исто и со капиталот. Ако во индустриската револуција истиот беше концентриран предимно во државите на потекло сега тој мигрира кон држави кои што му овозможуваат поголем приход со помалку трошовци, т.е наголемо се практикува аутсорсингот.
Да те испочитувам зашто реално човече си од други постови (y)
Поима немам кој е Златко Пановски но од гоогле добив инфо дека се работи за веледрогерија Пановски и тука е веќе друг муабет.
Од кај да почнам хммм .... ај вака:
Прво татко ти значи е возрасен човек кој почнал да работи кај Пановски на 55 години. Што работел таму не кажуваш, а и што работел претходно не кажуваш, па ќе идам на претпоставки.
Можеме да претпоставиме дека вештините на татко ти за Пановски биле од мала важност, т.е. дал бил таму дал не бил немало влијание во неговото работење. Од една страна е добро и што бил примен да работи таму и да зема плата на 55 години. Доколку сметал дека вреди повеќе и дека неговите вештини кај некој друг ќе бидат повеќе ценети можел комотно да си замине. Зашто останал, зашто се надевал тоа тој си знае.

Е сега да идеме на Пановски.... Како тоа по ѓаволите го сметате Пановски за капиталиста ... 1000 пати сум кажал НЕ мешајте олигарси со капиталисти.
Паноски парите ги направил СО ПОЛИТИЧАРИТЕ. Да не биле тие корумпирани, немало тој да ги направи тие пари. Да не биле корумпирани инспекторите немало да се дозволи да не му се платат прекувремени саати и услови во кои работи.

Имате погрешна перцепција дека Пановски и слични на него се капиталисти. На сите ни е јасно како идат 90% од државните тендери, затоа треба што помалку да се надевате на државата.

Ние сме уништено општество, секој почеток е тежок, но никако да го почнеме.



Торко може ти да си кажеш за себе што мислиш, јас тоа не го кажувам. Јас кажувам ако сакаш, ако можеш пробај се, отвори фирма. Тој со џипот, прво се пробал, имал храброст, визија, знаел како треба па после стигнал до џипот.



Да бе комуњар еден ,ти ќе кажуваш кој како да си ги троши парите. Ој заработи да те видам па давај од твоите. Ебаве тоа лажните грижливи фаци. Само другите нешто да прават, ти да земаш плата и клатиш врата. Иди ти направи погон или отвори фирма, теоретичар еден.
Ако реинвестира, ќе автоматизира линијата, па тие сите на улица ќе останат, значи ни 200 еур нема дома да носат.



И кој е крив за сето ова .... тој со џипот или тие од кои очекувате дека ќе ви дадат мед и млеко. Толку да сте слепи и паразити не ми се верува. од 1945 не ебе социјализам и комунизам и пак си го барате. Хк пу ебаве интелектуалната класа, која ни кибрит нема продедено.



Кој му дозволил да краде, кој НЕ го осудил, кој не наплатил данокот .... Да бе сите со приватни бизниси се крадци, само ти интелктуалната класа која пишува постови со 100 реченици си чесен и вреден.

@Almeida не си вреден веќе, ко пичкица бегаш од претходните прашања. Ако толку ви стало до шнајдерките со овој хуманистов, што не дадете од вашата плата бар 50% ????

Немате поим од реалноста во која живееме . Се надевам ќе добиеме уште појак социјализам па кога ќе растат каматните стапки тек тогаш ќе читам кој е крив во државава.
Интелктуална класа уште се рачунале :facepalm:
Ја сведуваш дискусијата на лични препукувања и обид за дискредитација. Тоа е моментот кога во недостаток на аргументи се користиш со лични навреди.
Јас можеби пишувам цели есеи но никаде не тврдам дека сум во право, тоа е мој став и е променлива варијабла. За разлика од мене ти си ептен нападен во своите излагања, теориски размислувања кои се непотврдени и само се твој личен став или став на тој од каде што го превземаш, се обидуваш да ги наметнеш како света вистина, како неоспорни факти.

Јас не знам која е поентата да се дискутира со таков лик, со толку ригидни ставови и повремени агресивни изливи. Дури и си контрадикторен на моменти, но тоа не ти го земам за зло оти горе долу сите сме такви.
 
T

Terroir

Гостин
Гaздaтa нa Кaм мaркет тежи 150 милијoни вo еврa.Знaеш зa тие 15 гoдини нa врaбoтените дa дaвaл местo 15 дa дaвaл 20.000 кoлку ке билa рaзликaтa? Ке имaл не 150 туку 149 милјoни.И? А вaкa сегa врaбoтените се смрштени секoгaш нерaспoлoжени и дa не ти нaбрaјaм кaкви се не пoследици имa рaди мaлите плaти.
КАМ е голема трговска мрежа и може да си дозволи такво покачување, наместо 4 милиона профит ќе имаат 3 годишно но што правиме со останатите помали играчи како рептил и сл ? Ќе ги затворат продавниците (нови невработени) а со помала конкуренција големите играчи па ќе одат на поголеми маржи (повисоки цени) за крајните купувачи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.742
Поени од реакции
5.016
КАМ е голема трговска мрежа и може да си дозволи такво покачување, наместо 4 милиона профит ќе имаат 3 годишно но што правиме со останатите помали играчи како рептил и сл ? Ќе ги затворат продавниците (нови невработени) а со помала конкуренција големите играчи па ќе одат на поголеми маржи (повисоки цени) за крајните купувачи.
Ни една фирма неможе да си дозволи намалување на профитот тој треба да е максимален можен инаку инвеститори ќе избегаат во други фирми или вложат во нешто друго. И фирмата оди надолу се намалуваат приходи, капитал итн.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Ни една фирма неможе да си дозволи намалување на профитот тој треба да е максимален можен инаку инвеститори ќе избегаат во други фирми или вложат во нешто друго. И фирмата оди надолу се намалуваат приходи, капитал итн.
и сето тоа на штета на вработениот
кој го е*е вработениот, паѓа профит отпуштај вработени
а менаџерите делат бонуси
 
T

Terroir

Гостин
Ни една фирма неможе да си дозволи намалување на профитот тој треба да е максимален можен инаку инвеститори ќе избегаат во други фирми или вложат во нешто друго. И фирмата оди надолу се намалуваат приходи, капитал итн.
Ќе намали со профитот кога ќе им се зголеми конкуренцијата, кога ќе се намали невработеноста и ќе мора да го платат работникот повеќе. А сами сигурно нема да им текне да намалат на профитот од 4 на 3 милиона евра само за вработените да биле среќни и мотивирани, едноставно не функционираат така работите :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
А мајка ти или ти зашто не позајми пари и кредити, па да отвориш фабрика, да плаќаш милиони давачки, регулации, да си вратиш кредитот и позајмените пари и да ти останат пари за џипови ??
Многу ме интересира што ти ќе одоговориш ... зашто ти не беше тој човек или мајка ти ...
Многу јасно е дека и ти си од тие со џиповите.А мене ме интересира шо к.р ќе правите ко ќе нема свежа работна сила да ви рмба за без пари.Такви самонаречени газди тоест екс транзициони ограбувачи на фирми ја уништија средната класа во МК.Добра држава е таа шо ги цени и почитува своите работници и нивните права.Во спротивно тоа е само уште една феудална корумпирана робовладетелска творевина,каде шо царуваат рекетари, олигарси и партиски полтрони.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
На која нација? Вморонско-сендвичарската?

....и ти најде за штабови да збориш :facepalm:
Па јас и ти сме најстручни за тоа. И двајцата сме долгогодишни штабски луѓе, ти комуњарски, јас вморонски. Чесно.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.742
Поени од реакции
5.016
и сето тоа на штета на вработениот
кој го е*е вработениот, паѓа профит отпуштај вработени
а менаџерите делат бонуси
Тешко да делаат менаџерите бонуси, големи бонуси треба да се заслужени т.е. ако сопствениците сметаат дека заслужиле, на крајот на краиштата се е до сопствениците на капиталот и платите на вработените и бонусите на менаџерите.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Гaздaтa нa Кaм мaркет тежи 150 милијoни вo еврa.Знaеш зa тие 15 гoдини нa врaбoтените дa дaвaл местo 15 дa дaвaл 20.000 кoлку ке билa рaзликaтa? Ке имaл не 150 туку 149 милјoни.И? А вaкa сегa врaбoтените се смрштени секoгaш нерaспoлoжени и дa не ти нaбрaјaм кaкви се не пoследици имa рaди мaлите плaти.
Мрштењето е најмал проблем. Какви семејства имаат истите? Дали се мажат, дали се женат? Во какви куќи живеат? Колку пари трошат на други места? Каква економска активност стимулираат?
Од друга страна, газдава е веројатно еден од најбогатите луѓе во земјава и скоро неверојатно е да не плаќа рекет на коалицијата сдс-дпне (кој како е на власт). Инаку му е чичко на орце камчев, уште еден евергрин во нашата "економија", што би рекол бафра "успешен бизнисмен".
 
B

Bafra

Гостин
Ако можел секој да биде газда.Човекот и пред тоа си имаше капитал но денешното богатсво е од маката на тие 100-тина жени коа работеа за 100е.
Те прашав многу јасно и просто, твојот одогвор е : Ако можел секој да биде газда.

Точно така, не може секој да биде газда и треба да се прифати тој ФАКТ, а не да се љубомори и да се трудиме да му умре на комшијата козата. На запад, се трудат да ги ископираат успешните, кај нас сакаме да ги уништиме од пуста љубомора и неспособност.

Исто е точно дека некои "газди" се ретардирани и крвопијци, но не сите. Затоа треба да се бара одговорност од државата да води ред, а не да барате мед и мелко од нејзе. Плус ние уште сме социјализам преминат во олигархија, па нормално е тешко да практикуваме капитализам.

Ја сведуваш дискусијата на лични препукувања и обид за дискредитација. Тоа е моментот кога во недостаток на аргументи се користиш со лични навреди.
Јас можеби пишувам цели есеи но никаде не тврдам дека сум во право, тоа е мој став и е променлива варијабла. За разлика од мене ти си ептен нападен во своите излагања, теориски размислувања кои се непотврдени и само се твој личен став или став на тој од каде што го превземаш, се обидуваш да ги наметнеш како света вистина, како неоспорни факти.

Јас не знам која е поентата да се дискутира со таков лик, со толку ригидни ставови и повремени агресивни изливи. Дури и си контрадикторен на моменти, но тоа не ти го земам за зло оти горе долу сите сме такви.
Јас не давам аргументи :facepalm::facepalm:
дај бе ти лепи кажи ако не е тој со џипот, што ќе јадат тие шнајдерките. Абе 5000+ страни имате напишано дека политичарите КРАДАТ УНИШТУВААТ и сега приватниците биле виновни :facepalm:
Абе ти не за навреди, ти за ќотек си што сакаш да испереш гомнариите на политичарите.

Пишувајте песнопојки, правете се хумани, ама никако од ваш џеб да извадите пари или па не дај боже да засукате ракавите. Со вакви интелктуалци ко тебе и Алма, богами и добро просперираме.

Во градот кај што живееш зашто не можеш да отвориш кафич... нели државата си е супер, се ти овозможува, нели капитализам живееме... уствари не ми одговарај, терајте си мантрата "Државата треба да се грижи за народот" и така додека не остарете :P
Интелкутална класа која само меморира информации а без да се проба во реален сектор и нема претстава за системот е тие се паразитите кои живеат на туѓа мака. :tapp:

Многу јасно е дека и ти си од тие со џиповите.А мене ме интересира шо к.р ќе правите ко ќе нема свежа работна сила да ви рмба за без пари.Такви самонаречени газди тоест екс транзициони ограбувачи на фирми ја уништија средната класа во МК.Добра држава е таа шо ги цени и почитува своите работници и нивните права.Во спротивно тоа е само уште една феудална корумпирана робовладетелска творевина,каде шо царуваат рекетари, олигарси и партиски полтрони.
Многу добро прашање, е тогаш тие лакомите газди или ќе затворат фирмите, а тие попаметните ќе зголемат платите на работниците. Е тоа е чист капитализам.
И КОЈ им дозволил на тие ограбувачи да шетаат слободно, НИКАКО да одговорите...

И како тоа транзициони ограбувачи уништиле средна класа :lolzz:
Абе вие каде живеете, знаете ли кој е одговорен во државата, кај кого е полиција, суд, ујп, кој троши повеќе него што прозиведува (администрација, да им кажам на слепите) , кој донесува закони, даноци повисоки и регулации итн итн.
Имаш визаир, прошетај до шведска и кажи дали ќе видиш толку многу коли од 50.000+ евра :P

терајте магарето, вие сте во право, јас со џипот сум глуп и крадец. Само глејте и магарето да не ви го земе државата за да прехрани тие 180.000 паразити.
А капиталот лесно може или Бугарија или Дубаи да се префрли, само тогаш од КАДЕ државата ќе ви даде, што ќе работат шнајдерките со нивните сегашни вештини :toe:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
koj trud potocno? trudot za otvaranje partiska kniska i rabotenje vo javna administracija? najsokantna statistika e sto mnozinstvoto na mladi luge sho tek doprva treba da ja gradat ovaa drzava sakaat da rabotat vo javna administracija namesto da imaat privaten biznis.
nema pobaruvacka za rabota, nema konkurencija, nema golemi plati.
http://isppi.ukim.edu.mk/files/studija-mladi-13.pdf
Младите сакаат да „студираат“ маркетинг и политички науки и слични заебанции. Видовте како се дигнаа против поголема застапеност на математиката. Не сакаат да учат, Сакаат да земат некаква факултетска диплома и да „работат“ во администрација, невладини, да јадат бурек (проекти ) за еманципираноста на луѓето од Мариово и слично.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Па јас и ти сме најстручни за тоа. И двајцата сме долгогодишни штабски луѓе, ти комуњарски, јас вморонски. Чесно.
Да си седнал еден мој пост, ама стварно да го прочиташ, не би истресол ваква ноторна глупост. За себе збори што сакаш....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom