Зајакот е патник, не станува збор дека ние сме се освестиле и сами ќе го симнеме од власт, а во светот иде преформатирање, не викам дали е за добро или лошо, но иде.
Италија дојдоа на власт евроскептици, во Шпанија Рахои е сменет, значи има некаква сила поголема од таа на Deap state и во моментов ги буткаат од власт сите нивни марионети, насекаде по светот.
Може очигледно да се увиди дека има власт што ја управува ЕУ, последните 70 години работеа заедно со САД, тотална послушност, но сега гледаме дека не биле потчинети на САД, а газдата е некој друг и ако им каже од денеска работите против САД, ќе ја исполнат командата.
Секаде низ светот иде тој процес на смена на таа американска странична елита и сите нивни марионетки по светот, евентуално дел од нив се починуваат на вистинскиот господар ако реши да ги земе.
Главниот вектор е префрлање на моќта кон Кина, гаснење на силата на САД, распад на ЕУ и НАТО.
Нашиот сељак од муртино е последната дупка на кавалот, иако е супер вазал, многу е корумпиран и глуп, нема никаква шанса да го остават на власт, главно е што народот го мрази и нема како тоа да се поправи, нема смисол него да го држат на власт на сила, не дека не може ако сакаат, но немаат таква причина.
Иначе секој вазал како вазал, исполнува што ќе му каже господарот, лесно може да работи и за нов господар и да исполнува сосема нови задачи спротивни на сето тоа што било порано. Штом Јункер и Меркел може да удираат санкции на САД и Заев може да стане Американофоб, Еврофоб, антички македонец и на плоштадот да изгради 200 метров споменик на Александар македонски, да се сврти накај Кина. Но тоа нема да стане, за дел од вазалите нема место кај новиот господар, така да збогум Заев.