- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Интересна работа како се менува јавното мислење со тек на време, како медиумите, изјавите на политичарите и разно разни квази експерти (кои што секојдневно зафаќаат дел од медиумскиот простор) влијаат врз мислењето на обичниот граѓанин и ја користат неговата неинформираност и неспособност да креира сопствен став врз основа на информациите со кои располага, да собере 2+2 и да го филтрира сето медиумско срање кое што му се сервира за да донесе конечен и објективен заклучок за реалната ситуација во која што државата се наоѓа.
Имено, до пред само неколку години разговор за менување на име на држава беше анти-патриотски чин, акт рамен на предавство. Секој оној што зборуваше за тоа од позиција за изнаоѓање на решение која би подразбирала промена на името, беше од мнозинството гледан како предавник.
Денес, во град си слушам типувања од луѓе кое име би било најсоодветно. Можат комотно и во обложувалница на пишат коефициенти, народот гарант ќе типува. На многумина дојдено му е веќе и преку глава, сеедно му е.
Еден дури и реченицата од Заев ми ја употреби кога реков колку апсурден предлог за име е Илинденска Македонија, ми вели: - А што му фали? Што имаш ти против Илинден?
И оди сега докажи се.
Поентата ми е дека народот е во фаза на поделени мислења по прашањето, не постои еден универзален став. Во целата таа општа збрка на сеирџии, луѓе со проевропски ставови, патриоти и луѓе кои што не се замараат многу многу, се создава една хомогена маса која што му дава простор на Заев да протне секаков предлог кој што би бил неповолен, а последиците од него би се согледале веќе кога ќе биде предоцна. Такви примери имаме еден куп низ нашата историја.