Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.551
Па и без тие 2 грама немаш проблем, ако си до толку почетник не ни имаш многу мускулна маса, само храната треба да ти е доволно.Фала на сите за одговорите. Иначе сум 176cm висок 75kg тежок, сакам да намалам сало а да накачам на мускулна маса малце(трупот ми е дебел,а рацете и нозете слаби), гледам од исхрана да внесувам овес,стек(200-250гр) секој ден и да намалам на леб. Меѓутоа ми фалат протеини за да достигнам 1.5-2г од кило тоа би било над 115 гр на ден. Затоа сакам да внесувам еден шејк после тренинг за побрзо да се апсорбира од окулу 25-30гр протеин. Иначе сум нов во вежбање 2 недели после година дена пауза, а и тогаш идев само 3 месеца без да пазам на исхрана.
Со многу поголема килажа и мускулна маса и отприлика на таа висина сум, а сум само на храна последниве месеци и не гледам разлика од периодот кога земав плус 1-2 дози веј, 2 оброци со месо/риба, плус 4 јајца после тренинг, урда со салата вечерта и нема да имаш проблем да надохнадиш.
Посигурна и подобра опција ти е да го внесеш протеинот од месо/риба/јајца/урда, отколку од веј.
За да ослабиш намали калориски внес, воведи кардио 3-4 пати неделно и ќе се средиш, тешко да качуваш мускул и да топиш сало истовремено, не дека е невозможно ама треба многу знаење и познавање на своето тело.