Штa речи, гoлемa е бoлкaтa :-(
Ништo не oдигрaвме, тoa е...
Ништo не oдигрaвме, тoa е...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со 5 одбрани вкупно на двата голмани не се добива меч на Ф4. Вардар беше максимално надигран денеска, за се што Раул имаше спремено Канаје имаше одговор. Се надевам ќе дадат 10000% утре против ПСЖ.
Малку лошо се изразив. Апсолутно си у право иначе. Мислев на тоа дека во ситуација кога правиш безброј технички грешки, одбраната ти е топло-ладно и тоа како добро ќе дојдеа барем уште 4-5 одбранети топки. Штербик беше тотално индиспониран уште од првата минута.Главната разлика на мечов не беа голманите, затоа што и нивните беа слаби денес. Главната разлика беше десниот бек. Ричарсон (а и Порт од таа иста страна) не попари во второ полувреме, Македа колку толку се држеше но потфрли Криштофанс. Тоа е максимумот со ваков играч во ростер. Едноставно колку и да се труди пријателот, премногу е спор и тромав за вакви утакмици.
Најлузерски изиграниот меч во изминатите две сезони.
Имаа едно 7-8 прилики за израмнување, Монпеље 5 пати даде гол при пасивен напад, играчи плус не искористија доволно...
Многу деконцентриран меч, направија ситни грешки кои ги коштаа
Штета.
Тоа е тоа, фала им за се досега на момците со акцент на тие што си одат, срцето не ми дава да пишам ни критика не па нешто лошо. Магичниот викенд од лани ќе го паметам додека сум жива.