Фан клуб - РК Вардар

Со 5 одбрани вкупно на двата голмани не се добива меч на Ф4. Вардар беше максимално надигран денеска, за се што Раул имаше спремено Канаје имаше одговор. Се надевам ќе дадат 10000% утре против ПСЖ.


Главната разлика на мечов не беа голманите, затоа што и нивните беа слаби денес. Главната разлика беше десниот бек. Ричарсон (а и Порт од таа иста страна) не попари во второ полувреме, Македа колку толку се држеше но потфрли Криштофанс. Тоа е максимумот со ваков играч во ростер. Едноставно колку и да се труди пријателот, премногу е спор и тромав за вакви утакмици.

Најлузерски изиграниот меч во изминатите две сезони.

Имаа едно 7-8 прилики за израмнување, Монпеље 5 пати даде гол при пасивен напад, играчи плус не искористија доволно...

Многу деконцентриран меч, направија ситни грешки кои ги коштаа

Штета.
 
Пресудијa гoлoвите нa прaздн гoл, oсoбенo кoгa не се врaтијa при гoлoт нa Бoрoзсн нa крaјoт.
 
Проблемот во Вардар е тоа што нема квалитетен резервен голман, ако на Штербик не му тргне нема кој да го замени, Милич не е достојна замена, на крајот на прво полувреме батево од центар прима гол...
 
Па и оваа на крај што се одби од пречка, кај нас да се одбиеше, ние ќе имавме напад за победа...
Јебем му матер, тоа е тоа, заслужено Монпеље, супер изиграа.
 
Искрено и мене не ми е јасно зошто толку се форсира Кристопанс. Македа е супер играч, динамичен, може и да рипне од 9 да ја закуца. Џинов е спор, и секад иста фора, ќе се крене на шут, не шутира, ќе ја тапне, па ќе проба шут под фаул. 2 метри и 15 си, имај самодоверба. Ја разбирам голем е, може во одбрана ќе заврши некоја работа, ама и таму ништо. Денес Циндрич одигра на ниво и нешто Борозан. Нашиве голмани беа слаби, али и нивните не беа нешто, иако драстично подобри.

Се на се, сами се победивме. Ни се падна ок екипа за полуфинале, плус луѓево доживеа шок пред 4 дена, изгубија првенство, судење може некои мали замерки имам, али во главно - Ок. Нема кој да се криви. Може тоа што немаа јаки утакмици еден месец ги утепа.

И, Милиќ не е добар голман. Не може професионален спортист да ти биде толку дебел. Сета почит кон човекот, ама земи малку гордост во својот занает.
 
Не смее тим што игра за титула да прави аматерски грешки како утињање зицери или чекори. Се трупаат една по друга пропуштена шанса и на крај губиш за еден. Најкриво ми беше последниот шут, више кога губиме меч и де факто завршува една величествена ера на Вадрар, последниот шут очекував да биде нешто како цепелин или некое крило да шутне макар и да ни одбранат или стативата да ја скрши... последниот шут беше колку ради реда а не гол да се даде.

Тоа е тоа, за жал не успеавме, со среќа утре против ПСЖ, се надевам дека со победа ќе заврши Вардар.
 
Главната разлика на мечов не беа голманите, затоа што и нивните беа слаби денес. Главната разлика беше десниот бек. Ричарсон (а и Порт од таа иста страна) не попари во второ полувреме, Македа колку толку се држеше но потфрли Криштофанс. Тоа е максимумот со ваков играч во ростер. Едноставно колку и да се труди пријателот, премногу е спор и тромав за вакви утакмици.

Најлузерски изиграниот меч во изминатите две сезони.

Имаа едно 7-8 прилики за израмнување, Монпеље 5 пати даде гол при пасивен напад, играчи плус не искористија доволно...

Многу деконцентриран меч, направија ситни грешки кои ги коштаа

Штета.
Малку лошо се изразив. Апсолутно си у право иначе. Мислев на тоа дека во ситуација кога правиш безброј технички грешки, одбраната ти е топло-ладно и тоа како добро ќе дојдеа барем уште 4-5 одбранети топки. Штербик беше тотално индиспониран уште од првата минута.

Криштопанс беше слаб да, но Монпеље одигра одбрана у пизду материну! Страшно подвижни, со навремени излагања, затоа и речиси ниту една топка не успеа да дојде до крило. Плус каков пренос на топка имаа...

У крај краева, не може секад да победуваме. Вардар стана европски шампион со 4 годишно вложување против тимови кои имаат најмалце дупло поголем буџет така да...
 
Штета голема Вардар е бољи тим од Монтпеље, не верувам дека може овака лошо да изиграат ко денес. Многу лош почеток, 20 пути топка од раце им падна. Штербик денес не постоеше и пак имавме шанса до крај. Штета стварно мислам под нормални околности лагано би тепале 3+ разлика минимум.
 
Првите 10 мин без даден гол од напад, да не беа пеналите за срамота ке бевме.Некако ја немаше таа драж и борбеност, малце си лежеа на стара слава
 
Се до европското формата беше на толку високо ниво, играта перфекција. После тоа следуваше пад и се навестуваше дека работите не се најсјајни и дека ова може да се случи. Штета што не успеаа да ја додржат формата што ја имаа до крај, ќе се прошетаа на фајнал форов.
 
Лошиот ден на Штербик дојде баш кога не требаше :( Тоа е тоа, фала им за се досега на момците со акцент на тие што си одат, срцето не ми дава да пишам ни критика не па нешто лошо. Магичниот викенд од лани ќе го паметам додека сум жива.
 
Криштопанс,дрво недоделкано.Сите голови од негова страна примени дојдоа.Монпејле упорно форсираа од кај него.Раул како можеше цело време да го држи во одбрана.Толку го користеа,зошо е тромав,си бутаа голчиња.Уше па,млитави во одбрана сите наши.Монпејле уше на почеток кршеа коски и имаа исклучени и жути картони.Нашиве голман,катастрофа,Криштопанс,влезете слободно,цела одбрана,извини не сакав.
 
Mора да се признае дека и Раул потфрли, тактички тотално не прочитаа.

Вардар мора да си најде некој играч што има скок шут од 9 метри. Онака, малку со задршка. Како Хансен, Лазаров. Таков играч многу вреди во моменти кога си закана под пасивен напад. Кога нема решение, да скокне да шутне. Борозан има јак шут, ама он ниско ја исфрла топката и со малку или ич скок. Не е за преку блок шут.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom