@Syn
Еве ти, ако не се лажам овие се официјални статистики, немој да ми кажеш дека никад не биле 60к, само ако ми правиш проблем за 516фанови.
Да беше тогаш Сунинг и нивниот маркетинг ќе имавме просечно 80к, гарант, според твоја логика.
Не го форсирам муабетов, само сакав да ти кажам, немој посетеноста на трибините да им ги запишеш како големо остварување на Сунинг кога не е така, веќе 20 години сме Топ 1 во Италија ни нема конкуренција за тоа.
Уште на првиот пост кажав дека голема заслуга има Спалети и играчите, со резултатите и нивната атрактивна игра, а не да ми споредиш со никаквата игра на Манчини, и со бинарни резултати од 1-0. Ќе речев дека имаат голема заслуга Сунинг само ако донесоа одлични засилувања, или топ трансфери, али ништо од тоа не бидна, на крај на краиштата на трибини одат луѓево да гледат добар фудбал и да се надеват на позитивен резултат, тоа е таа мотивација која ги тера луѓето, никој не сака да оди на трибина и нивниот омилен тим да биде посрамотен од Беневенто на пример.
Jaс од
трансфермаркет ја црпам статистиката, ти од worldfootball.net изгледа си земал бар тоа на гугл го дава а ја од трансфермаркет, таму е 58 000, тука 59 на твоево, не знам кој извор е порелевантен али не е ни битно воопшто, другиве бројки горе доле исти им се, значи скоро 60 000 во СЕЗОНА ПОСЛЕ ТРОЈНА КРУНА, 57 500, во сезона каде не се пласирале во ЛЕ и го опипале дното и плус имавме лошо трансфер лето. Ист е импактот за навивачите или не ?
Сезоната кога освоивме тројна, и на ова твоево и на трансфермаркет, посетеноста е 56000, значи помалце од оваа сезона, после тројната круна, посетеноста расте за неверојатни 3000 ако се водиме по твојот извор, 2000 според трансфермаркет, годинава, после срање сезона, убер срање сезона, дно сезона, посетеноста расте за 11 000.
Нит сезонава не сме сјајни со играта, први 2 кола тргнавме фуриозно после мачење бевме ама слабо памтиш, лошо игравме и на сила победуваа. Со Спал годинава трето коло 57000 ги гледаат, со Манчини, кога имаа исто добар тим, го земаа кондогбија, јоветич, шаќири, перишич, љаич, 4то коло, 3 стартни победи, една од тие рома, на трибини 37 000. Епа не е исто ...
Можеш ли да замислиш дека дебито на Мурињо на Меаца беше пред 45 000 гледачи, против Катанија, дебито на Спалети беше пред 51 000, вториот меч на мурџо пред свои навивачи знаеш колку ? 45 000 ( лече ), вториот на спалети 57 000 ( спал ), така да ете ти го факторот тренер, и играчи, колку влијаел врз посетеноста на Интер. Од една страна имаш шампионски Интер, кој трга у одбрана на титула со Мурињо кој е топ 3 светски тренер плус ред други ѕвезди на терен ( плус кварезма за кој не попалија дека е малце полош од кристијано роналдо ), од друга страна овој денешен Интер, разлка ден и ноќ. И општо, цела таа сезона помалце се гледани од оваа сега ( милан поише биле гледани од интер таа година ), не ти е тоа сеа малце чудно ? Или не биле доволно атрактивни, биле лоши, бинарни резултати имале, немале ѕвезди у екипа ... Или да се навратиш на дебито на ибра на меаца, играч земен од јуве, хајп невиден ... 45 000 тогаш присуствувале на стадион.
Ова ако не ти е доволен пример дека тоа со играчите, играта, тренерот и слично нема толкав импакт врз посетеноста ( има, ама не колку што не убедуваш тука дека е случај ), тогаш искрено не знам кој друг пример да ти го посочам дека таа теза ти е погрешна ( исклучок би напраиле ако меси го донесат сеа, или кристијано роналдо, или нејмар, па ко со роналдо навала за карти да има ).
Клубот никад во минатото немаше развиено асална маркетинг стратегија која меѓудругото ги опфаќа и навивачите кои доаѓаат на Меаца и тоа е она што сакам да ти го доловам, всушност и сам тоа можеш да го видиш од овие
поразителни бројки. Со ист ваков принцип на работење, тој Интер ќе го гледаа просечно минимум 60 000 гледачи секоја година, а за триплете сезоната муабет да не праам.
p.s. Нормално дека секоја година ќе сме меѓу најпосетените кога имаме убедливо најголем стадион, и големо јадро на навивачи во Милано. Ама затоа слабо стоиме со процентот на исполнетост на стадионот, зашто кога кај јуве ке отидат 40 000, он е целосно исполнет, а кај нас пола и зјае цела меаца ко да е празна, зашто е 50% исполнета. Затоа скоро при секоја најава за реновирање се настојува проектот да крати околу 15 до 20 000 седишта. И да, добро би било секое коло да има барем 70 до 75000 на трибини, ко што е случај кај сите други големи тимови чии стадиони се исполнети барем 90% секое коло.