Мудри зборови стари повеќе од 2000 години, а важат и до денешен ден.
https://www.fakulteti.mk/news/21052018/ciceron-edna-nacija-mozhe-da-gi-prezhivee-svoite-budali-pa-duri-i-ambicioznite-no-ne-mozhe-da-go-prezhivee-predavstvoto-odnatre
Цицерон: „Една нација може да ги преживее своите будали, па дури и амбициозните. Но не може да го преживее предавството однатре“
21.05.2018
Подготвил: Тамара Гроздановски
Лектор: Ивана Кузманоска
Марко Тулиј Цицерон бил римски политичар, адвокат и филозоф. Потекнувал од богато семејство. Се смета за еден од најголемите оратори и прозни стилисти.
- Една нација може да ги преживее своите будали, па дури и амбициозните. Но не може да го преживее предавството однатре. Непријателите на портите се помалку застрашувачки бидејќи се познати и отворено го носат знамето. Но предавникот се движи и итро шепоти низ уличките, а се и слуша во салите на самата влада. Самиот предавник не личи на предавник; тој зборува слично како неговите жртви, ги носи нивните лица и нивните аргументи и лежи длабоко во срцата на сите луѓе. Тој ја уништува душата на нацијата, работи тајно и непознато во ноќта за да ги поткопа столбовите на градот. Го инфицира телото на политиката за повеќе да не може да постои. Од убиецот човек помалку се плаши.
- Ако имате градина и библиотека, имате сè што ви треба.
- Соба без книги е како тело без душа.
- Онаму каде што има живот, има и надеж.
- Животот на мртвите е сместен во спомените на живите.
- Безбедноста на луѓето е највисокиот закон.
- Благодарноста не само што е најголемата доблест, туку и родител на сите други.
- Никој не може да ви даде подобар совет од самите вие.
- Тишината е една од најубавите уметности на разговорот.
- Секој маж може да каже колку овци или кози има, но не и колку пријатели.
- Лажното не е ништо освен имитација на
вистината.