И онака мислев еден подолг пост да пишам после лацио па уз пут и тебе ќе ти одговорам зашто горе доле и се однесуе за она што треба да следи у екипава после пласманот во ЛШ.
Прво и основно спалети останува, колку и да не ми е по ќејф, она за кое беше донесен го достави, нема шанса да го тргнат макар и мурињо не моли да се врати тука а реално Конте ќе ни биде достапен што мене лично ми е голема желба али јебига, не се поклопија коцките за него. Никад да не се поклопат што се однесуе до мене, зашто за тоа треба срање сезона да иаме, што ќе беше случај ако не победевме со Лацио.
Од ова ако тргнеме, Спалети искрено не ме убеди дека е способен за нешто повеќе од ова што сега го достави иако и тоа со судни маки и 1 тон среќа го реализираше ( нит пак у претходните години ме има убедено дека е способен за освојување големи трофеи ), сепак го реализираше и тоа е тоа, глупо е да го плукам во тој контекст. Ама сега кога веќе се пласираа во ЛШ, се знае која е следната цел, ако пак циљаат на топ 4 пласман тоа е тапкање во место, што не би требало да е случај, а за да тренер ко Спалети ти достави барем битка за титула ( јебига, гаранција дека ке освоиш никад немаш без разлика кој е тренер и кои ти се играчи ), и уз тоа добро претставување во ЛШ, значи битка на 2 фронта, реално треба екстра јаки засилувања во средината, нападот и на бековските позиции.
Не сакам да спомнувам имиња зашто реално не се знае на што се сеа играчиве, плус повеќето тимови ќе чекаат светсково да помине па ќе продаваат со надеж дека ќе рипне цената на фудбалерите, ама тоа што знам е дека на тимов му се потребни екстра добри 2 крила, десен бек во ситуација кансело да си оди, за лево Далберт заслужува уште една шанса плус договорен е најверојатно Асамоа , и
минимум 2ца олраунд играчи од средниот ред. Нападот би требало да е веќе решен, зборам за позицијата напаѓач, зашто тука ќе се Лаутаро Мартинез и Икарди, и исто централните позиции во одбраната.
Ја искрено Весино без размислување би го продал, поготово сеа со голов а и стартер е за Уругвај, може цената да му остане у најлош случај иста ко онаа за која е купен, Жоао Марио исто најверојатно ќе се продаде, така да може да се земат плус добри пари од овие играчи, кои ќе се додадат на трансфер буџетот. Брозович искрено заслужува да остане колку и да ми е антипатичен, 1000 пати сум рекол дека треба да си иде ама не можам да му ги заборавам партииве периодов каде прерасна у лидер на екипава, а и мислам дека би бил уште подобар ако во средина наместо лимитирани играчи ко весино или гаљардини, ги добие пример, видал и ковачич ( на тепка ги спомињам двајцава ) плус рафиња. Средината би требала да е рафиња, броз, гаљардини, валеро, плус 2ца нови играчи, под претпоставка дека весино и марио ќе се продадат, а кога ќе размислам подобро, нема да е лошо и 3ца да земат, еден нека е класична 10ка зашто таков немаме, рафиња не е таков a очајно ни фали таков играч во тимов ( повторен обид за пасторе можеби

).
Летово на страшен тест се, 1000 пати потежок од оној од претходново лето каде реално работите не се одвиваа во посакуваниот правец, сеа више не праиш екипа за топ 4 пласман каде конкуренцијата е 100 пати полесна од онаа во ЛШ, сеа више треба да се носиш и со поставениот висок стандард у Лигата на Шампионите, така да реално не треба да прецизирам што и како треба да се купи, сите знаеме и кои позиции се за ремонт, и какви играчи бараат истите.
Сезонава за сунинг и спалети беше она што мурџо го кажа после еден од побитните мечеви сезоната кога освоивме ЛШ, со динамо киев на гости кога ја свртеа у задњи 10 мин, дека у фудбалот многу е тенка линијата меѓу рајот и пеколот ( тогаш ако изгубеа, ризикуваа испаѓање од групна фаза, а на крај од година тројна лапавме ).
На крај сезонава нас ни се сведе у овој еден меч со лацио, каде бевме апла на едната страна и за 2 - 3 минути завшривме условно речено, у тој рај, иначе хаоси ќе се дешаваа во тимов на неколку полиња па се надевам ова што се деси у неделата е почеток на нешто асално у тимов на подолг рок.
п.с. А и да, полека треба да почнат да размислуваат за нов прв голман.