Готово е. Од ова нема враќање. Исто како 2002, кога СДСМ со коалицијата со ДУИ ги легитимираше да бидат фактор во државата - и затоа сега веќе 16 години по ред си тераат на власт - денес Заев на Грците им ги легитимираше барањата за „ерга омнес“, промена на идентитетот и името на јазикот.
Можам да претпоставам дека слично како „браќата“, сега Грците постепено ќе ги зголемуваат нивните барања, додека македонскиот народ нема да види никакви придобивки и покрај нашата попустливост кон нив. Значи, ниту НАТО ќе видиме, ниту ЕУ. Треба под итно да се прекинат преговорите и да се објават македонските „црвени линии“ т.е.
- Во евентуално сложено име да се содржи зборот Македонија;
- Името да биде единствено за надворешна употреба;
- Името да биде во согласност со македонскиот правопис (за да се избегнат глупости како нивниот идиотски предлог Горнамакедонија);
- Името задолжително да има превод на странски јазици;
- Јазикот да остане македонски јазик;
- Народот да остане македонски народ;
- Истите отстапки што ќе ги направи Македонија во однос на името, да ги направи и Грција во однос на името на областа „Македонија“ и аеродромот во Солун итн.;
- Предлогот за името претходно да биде изгласан на референдум.
Очигледно е дека преговорите за името излегоа далеку надвор од рамките на Резолуцијата на ОН од 1993 год. Затоа треба барем ние, Македонците да формираме национален консензус околу ова прашање, инаку ќе наебеме многу јако.
Грците можеби имаат и членство во НАТО и ЕУ и јако лоби кај американците, но ние на наша страна го имаме
ова (универзална декларација на човековите права):
Article 15 of the Universal Declaration of Human Rights states that everyone has the right to a nationality and that no one shall be arbitrarily deprived of his nationality.
И
ова (пресуда на Меѓународниот Суд на Правдата):
Во членот 11, ВС предвидува експлицитна обврска за Грција да не се противи на пристапувањето или полноправното зачленување на Република Македонија во меѓународни организации под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, како што е предвидено во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.