Не знам колку си запознат со секојдневниот живот во Израел, но нема што да се огледуваме на геноцидот на евреите врз палестинците, како што не треба да се огледуваме на злосторствата во ВСВ. Ставање рампи, гасни комори итн. се срам за Светот, а не пример.
Албанците секогаш живееле тука со нас. Дури во српското заедно сме дигале и востание(охридско-дебарско). Од друга страна сме имале и конфликти, но не гледам никаква потреба од ширење на таква омраза од двете страни. А посебно ме нервира кога ние како најнеспособен и обезличен народ ги обвинуваме за сите наши неуспеси.
Секако дека и од нивна страна има мал милион вакви грешки.
Нејсе, ти ја разбирам поентата, но многу лош ти е примерот.
Да не се сфатиме погрешно, никој не заговара геноциди, етнички чистења и што ти јас знам. Примерот не ми беше во тој правец, туку ги земав евреите како пример за народ кој што си ги штити националните интереси. Во методите не навлагам, не ми се од интерес случувањата таму, впрочем не се ни тема на дискусија.
Јас немам толку проблем со албанците колку што тие имаат со мене. Зборам во прво лице како репрезент на македонската етничка заедница, која патем е мнозинство и е државотворен народ, факт! Тој еден единствен пример на меѓусебна соработка кој што ти го спомена, охридско-дебарското востание (кој што патем е дискутабилен) е занемарлив кога кон него ќе се придодадат злосторствата кон македонскиот народ извршени од страна на албанското малцинство. Балистите ти се типичен пример. За поновата историја сите сме запознаени.
Овде надолго и нашироко се разглобува македонско-албанското прашање со еден тон аргументи зошто соживотот со нив е невозможен. Еднаш му реплицирав на еден член по истово прашање, ќе се цитирам:
Вас албанците главниот проблем ви е што државата не ја чувствувате за своја, не ви работи чувството за заеднички придонес и за општото добро на сите граѓани кои живеат во нејзе, вклучувајќи ве и вас. Вие законите на оваа држава, кои треба подеднакво да важат за сите граѓани, ги доживувате како акти на опресија.
Кога станува збор за барање права тогаш сте први. А кога станува збор за почитување на законите кои што треба да ги овозможуваат таквите права, тогаш никаде ве нема.
Го толкувате законодавството како што ви одговара. Имате селективен однос. Законите кои се однесуваат на вас, како овој сега што е за двојазичност, мора по секоја цена да се почитуваат и да се имплементираат. Останатите закони кои не ви се по воља веднаш ги квалификувате како анти албански.
Е ова е главниот проблем за кој што зборувам. Дури и ти самиот ги изолира како пособен ентитет кога праша дали албанците ни се виновни за моменталните случувања. Што значи постои некаква поделба. Не зборуваме за граѓани албанци и македонци кои што заедно се засегнати од случувањата во државата, туку збориме за поделби по национална основа.
А посебно ме нервира кога ние како најнеспособен и обезличен народ ги обвинуваме за сите наши неуспеси.
Тоа дека не не бидува и прашањето за македонскиот менталитет, зошто сме вакви и на ова дереџе, на форумов е разглобено илјадници пати. И тоа донекаде е добро, да си самокритичен. Но, јас до сега немам слушнато ниту еден албанец да зборува лошо за својот народ, менталитет, култура...
Ние можеби не сме сјајни како народ но според мене не е неосновано тврдењето дека Албанците со своите максималистички барања ја кочат државата во нејзиниот развој, ја чуваат во заложништво и го злоупотребуваат статусот на малцинство и правата кои што му произлегуваат од Охридскиот рамковен договор ги користат за уцени.
Како што реков погоре, тие се чувствуваат како граѓани на оваа држава по потреба, кога станува збор за нивниот личен интерес а не интересот и општото добро на сите граѓани, вклучително и нив. Тие не поддржуваат државнички одлуки.
Пример: Законот за јазици е банална тема која што го одвлекува вниманието од битните работи: економија, здравство, образование и.т.н. Ако се толку загрижени за соживотот и напредокот на државата нека се повлечат од ова барање. Повеќе од очигледно е дека законот ги продлабочува меѓуетничките тензии и уште повеќе го оневозможува соживотот помеѓу двете заедници.
Права имаат повеќе од доволно. Ако бараат еднаквост тогаш нека покажат државнички менталитет и нека го дадат својот придонес во сите сегменти на општественото живеење, а не само таму каде нив му одговара. Не можеме вечно да се занимаваме со нив. 2001 направивме договор за да нема вакви работи и државата да оди напред, а излезе спротивното.