Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам
18 години подоцна ова делува како да е напишано вчера толку е свежо,познато.
Песнава боли,допира длабински ова не е заебанција,ова не е фиктивност.
Сите оние кој ќе заминат од ова земја засекогаш треба да бидат пресреќни што излегле од местото каде што се одгледува криминалот,сиромаштијата-бедата,неправдата и тн како да се овошни насади.Ретко коментирам на темава знам дека нема фајде,нема поента.Целава ситуација низ филмска перспектива ми делува као да е режирана од Uwe Boll....
сафра е причината што сум депримиран
се нервирам и сонувам да емигрирам
но да почнам од почеток па да стигнам до крајот
живеам во пекол не знам дали ќе го видам рајот
и после 6 века угнетување не се прашуваме
дали сме жртва на заговор за уништување
едни ни го грабат јазикот а други името
македонијо кој е татко на копилето?
македонче нејќе да порасне во македонец
ментален роб кој сам си копа гроб
еј господи ајде испрати јунак ти
да ги скрши прангите на менталните робови
варварски принцови порано освојувачи
изгубени во времето како во магла гуски
но крушите паѓаат под круши велиш не се лути
но соколите се претворија во утки
во овој пандемониум балкански триаголник
во кој владеат алчност мито и други ѓаволи
до вчера другари а сега господа во одела
сите јаки на збор никој на дела
слушам проѕирни ветувања за подобро утре
но ништо не се менува ке го дочекам ли тоа утре
скандали афери се се заборава пред избори
ви 2.000.000. слепци едноокиот е водич
во социјална држава платата е социјална помош
да издржиш до први во круг да најдеш кош
во европа само географски стално под блокади
не третираат како да сме лебарки
тестираат издржливост на балканското заморче
па ајде кажи дали те боли бре македонче
војната е стара нова баба рога
но подобро еден ден лав отколку цел живот овца
6 години жеден во оазата на мирот
чекам во редот за запослување пред биро
а навистина се чувствувам заразно кога не ми дават
виза да излезам од резерватот ме фака сафра.