Акo успее дoбрo дa се испaзaри зa прoменa нa иметo ѓуптинoт oд муртинo,и дa искoристи влез вo Нaтo и цврстo утврден рoк зa штo пoскoрo приклучувaње нa Мaкедoнијa вo ЕУ,тoa ке биде гoлем успех зa негo a вoеднo и единственa пoвoлнa oпцијa зa лугетo штo живеaт нa oвaa теритoријa.Сaмo се прaшувaм aкo билo тoлку еднoстaвнo зaштo некoј oд претхoдните кoгa имaвме 5 пaти пoгoлеми шaнси не нaпрaви тaквo нештo
Никој не направи ништо по ова прашање затоа што така му одговараше. Ние до сега глумевме преговори. Грујо е единствениот кој што на картата национализам успеа да го монетаризира ова прашање во своја корист, да се претстави како голем патриот и заштитник на интересите на македонскиот народ, под слоганот "името не го даваме".
Кога станува збор за решение на името и напредок кон евроатланските интеграции во неговиот мандат ги имавме најзрелите шанси.
Во време на Сдсм, 2005 година официјално добивме кандидатски статус и од тој момент требаше интензивно да се работи на решение на спорот со Грција. Тогаш постоеја каде каде поповолни услови од сега. Само нашите политичари многу наивно и неискусно пристапија кон проблемот ставајќи го на страна, мислеа оти сам од себе ќе се реши.
Демант прво стигна на самитот на НАТО во Букурешт, каде во 2008 требаше да станеме членка на НАТО, заедно со Албанија и Хрватска. Колку бевме некадерни тогаш говори и фактот што Грците успеаа да поентираат од невозможна позиција и да го наметнат прашањето како услов за членство, т.е без решение нема членство во НАТО.
Грујо, тогаш се вратија со Бранко ко испострани и место сериозно да се зафатат со решение на проблемот, тие наредниот период го искористија за меѓусебни препукувања кој е крив, како по обичај.
После негде 2009 дојде препораката за членство во ЕУ и тамам да закажеме датум за преговори следеше нов ладен туш од Грција. Ако сакате преговори тогаш менете го името. И така од тогаш еве веќе 10 години е статус кво по ова прашање и нашата европска иднина, 10 години потрошени во срања и лажни ветувања. Хрватска си влезе во ЕУ негде 2013, ние бевме веднаш зад нив, а место тоа, Црна Гора и Србија не претекнаа, Албанија не стигна и веројатно и таа ќе не претекне, па ќе останеме во групата со Босна и Косово.
Грујо од тогаш се повампири и од таа 2008-2009 година се отиде низбрдо. Се почнаа антиквизации, проекти Скопје 2014, отпор кон Западот, вртење кон Русија, криминалии, изборни измами...се тоа нормално доведе до застој во евроатланските интерграции, го уништи и тој малку имиџ што го имавме и им даде аргументи во рацете на Грција да не прогласи за иредентисти, фалсификатори, провокатори и извор на нестабилност.
2018 е последен воз, дојде јајцето на газот, сето тоа чекање и пролонгирање на решението сега ни се удри од глава. Грците го препознаа својот момент и ни вадат се на маса, играат на се или ништо. Ние и онака сме во загуба, само по се изгледа дека ќе биде катастрофална.
Излезе дека менувањето на името е цел пакет барања под тој наслов. Идентитет, јазик, устав, опсег на употреба и еден куп други под услови, кои не даваат никакви гаранции за трајно решение.
Заев е гомно човек, да се разбереме. Меѓутоа по ова прашање колективна одговорност носат сите политичари од започнувањето на спорот. Сите тие не донесоја до ова дереџе, така да одговорноста не може да се префрла само врз него. Во овие услови и Тито да оживее тешко дека ќе издејствува некакво поволно решение. Едноставно ја изгубивме иницијативата. Самите, од бесмислено прашање направивме голем проблем и тоа е.
Да имаше посаглам политичари ние до сега одамна требаше да бидеме членки барем на НАТО, а со малку среќа и на ЕУ. До пред 10 години бевме втори на листата за членство, заедно со Хрватска.