За нецела година Заев направи рекапитулација на десет годишното криминално владение на Грујо и компанија, со единствена разлика што владавината на Заев е аминувана од меѓународната заедница. Ова ви се типични двојни аршини и доказ дека на ЕУ, САД и сите останати релевантни светски играчи ги заболе стојко за правдата и правната држава, економскиот просперитет, стабилноста и благосостојбата на целиот регион.
Ние сите овде сме само колатерална штета која не по своја вина се нашла на патот на сите овие процеси, кои цели 30 години ниту за момент не ни одат во прилог. Живееме во делузија, тешејќи се дека еден ден ќе биде подобро, наспроти сите докази кои што одат контра тоа мислење.
Она што мене лично ме иритира и ме прави песимист, крајно разочаран од сите овие настани кои што ги доживувам на млади години, јас и моите врсници, е фактот што ние како народ, со целиот наш ментален сколп сме ништо друго туку катализатор кон нашата колективна пропаст. Не сме заеднички по ниту едно прашање кое се однесува на нашата заедничка иднина. Тоа е нашата вина.
Мислењава кои што ги читам на форумов, заедно со ставовите кои сеуште ги фураат поединци, мои познаници од реалниот живот, кои впрочем спаѓаат во 90% од целокупното општествено мнение, не ми даваат ниту за момент да бидам оптимистичен. Станавме толку токсичен народ, истрауматизиран, разочаран, со изгубено достоинство и секакви морални вредности, што ќе ни требаат децении за да се опоравиме. Овие владенија, целокупните настани на кои што сме сведоци цели 30 години создаваат нова врста килава генерација.
Ако после втора светска војна мотивот на сите народи, вклучително и нашиот, беше возобнова и подобра иднина како заедничка цел, денес ние ја изгубивме таа заедничка цел, мотивот кој што требаше да не води напред и секоја генерација да ја прави подобра од предходната. Таа кауза е изгубена и одамна заборавена. Нашата модерна кауза не е државничка, туку се состои од една цел, напуштање на ова парче земја. Што во буквален превод значи и конечен пораз.
Сите овие срања кои што го живееме денес, нашата индиферентност кон нив, нашата поделеност и немање концензус по важните прашања, за работи кои што треба да бидат свети за секој еден народ, тоа е нашата колективна вина. Доживеавме ликови ко Заев и Грујо на дневна основа да му се серат на нашето достоинство и тоа да ни премине во навика како нешто нормално. Тоа за мене е најголемиот пораз и почетокот на крајот за секој еден народ, неговиот молк.