Здраво дечки, имав еден тежок период, имав една девојка која додека бевме заедно западнав во депресија, не е толку битна девојката како девојка туку нејзиниот карактер ме доведе до таа состојба во збир со минатите искуства. Се чувствував дека нема муабет и дека ја сум кривиот за тој што нема муабет во нашата врска, и постојано го барав проблемот во мене, по некое време сфатив дека не сум јас кривиот, и сфатив дека не оди врската и раскинавме, ноо после депресијата дојде анксиозност. Барав долго време што е работата и на крајот по долго време гуглање најдов дека имам social anxiety односно многу добро се најдов во насловот "Talkative people with social anxiety". Сеуште се справувам со тоа. На почетокот на анксиозноста, не ми се испаѓаше од дома, ми беше страв да стапам во контакт со луѓе па дури и со најблиските, тие мисли ме обземаа, односно мислите, за што правам муабет, само ова ли ми е муабетот денеска, знам дека не е така и отсекогаш сум бил оној кој ги започнувал дискусиите, отсекогаш сум бил комуникативен, но успеав до негде да се исконтролирам со мислите и сега се однесувам оној истиот каков отсекогаш сум бил, но внатре во мозокот ми се сеуште присутни оние мисли. Како да изгубив осет кога е природно да правиш муабет а кога да ќутиш, еве ова ме мачи сега, макар што секогаш можам да започнам муабет.