@Бавареец, ова ти е најдобриот совет кој можеш да го добиеш:
Вака купуваш НОВО возило!
Затоа што колата е од дилер, затоа што најверојатно тие гарантирани километри кои ги даваат за сервис уште важат т.е. не се изминати (некои 150-180k km) или пак 3-5 годишната гаранција не е измината и затоа што поголемите кварови се' уште не започнале да се дешаваат, така да со едно нормално и домакинско возење и одржување ќе имаш возило кое си го платил ПОД реална цена и кое е НОВО.
Секое возило кое е добро Mercedes, Audi, BMW, VW Passat, Honda Accord, Toyota Corola и од SUV да не почнуваме да редиме други производители... ги има еден куп, али подобрите модели и произведувачи ти прават возило кое старно кошта некои 25k eur... основна верзија.
По 3-4 години тоа возило го земаш за 15к еур... поголеми вложувања немаш и возиш НОВО возило.
Јас би размислил да сум на твое место дали ќе одам по нешто ново од салон за 13k eur или тие 13k ќе ги искористам да купам „половњак“ од 2015-6 година.
Што и да се одлучиш брате, што и да купиш, да му е убава среќата и долго да те служи!