Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

СИТЕ СМЕ СО ТЕБЕ МАЈСТОРЕ, ЗНАЕМЕ ДЕКА СИ ПОСИЛЕН ОД ОВА, ИЗДРЖИ! :gjavol:

31945158_1526072957519309_8161129884710600704_n.jpg
 
Има новости за старото?
иначе гледам Чонг добил награда за најдобар младинец
колку години има? 17?
го има пратено некој?
мислам да ка скрати косата има да лета по терен ххх


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Втори официјално, ама премногу играчи фалат за да сме контендерс.

Нека му мислат летово.
 
Има новости за старото?
иначе гледам Чонг добил награда за најдобар младинец
колку години има? 17?
го има пратено некој?
мислам да ка скрати косата има да лета по терен ххх


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не и нема да има додека трае закрепнувањето, фамилијата побара приватност.
 
Вистина ли е тоа дека Фергусон бил во критична состојба ? или измислуват само да се чита?
 
да не излезе ситуацијата ко со Шумахер подобро е да кажат како стојат стварите за да нема нагаѓања


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Втори официјално, ама премногу играчи фалат за да сме контендерс.

Нека му мислат летово.

Официјално сеуште не сме. 6 поени може Тотенхем да надохнади и со гол разлика е тука-така со нас. За тоа да се случи треба да ги загубиме и двете наредни.

Инаку околу САФ. Зависи од јачината и локацијата на изливот како и крварењето. Доколку е навреме реагирано, а се надевам дека е, за вакви случаи постои метода која сега кај нас има обид да се имплементира и баш е со оперативен зафат да се реагира со цел да нема никакви последици. Принудно се држи во кома неколку дена и потоа има неколку месечен период на рехабилитација.

Да се надеваме дека не се работи за сериозно оштетување на некој центар во мозокот кој би му направил проблеми во иднина.
 
Точно, има право зиак, локацијата и времето потребно за интервенција се клучни а и со вештачка кома се регенерираат клетките каде каде побрзо. Најважно е да не останало местото без проток на кислород подолго време.
 
Мислам дека не би требало, зошто сам има отидено во болница, а потоа е префрлен во оваа каде што му е правена операцијата.
 
Чекај отварана му е главата ? Тоа значи операцијата што му е направена?
Да не летам ама ако е така, малку чудно ми е да биде без макар минимални последици, колку и да е напредна медицината..
Секаде има ризик
 
Чекај отварана му е главата ? Тоа значи операцијата што му е направена?
Да не летам ама ако е така, малку чудно ми е да биде без макар минимални последици, колку и да е напредна медицината..
Секаде има ризик

Зависи од местото. Или се буши или се отвара дел од черепот. За последици зависи што кажа Фрос, колкав е изливот, и колку време местото било без кислород.

Има симптоми кои наговестуваат во некои случаеви дека такво нешто ке се случи, главоболки пред се. Доколку го фатиле ова на време, можно е да имал превентивна операција, која служи да го намали отокот. Баба ми имаше нешто слично.
 
Чекај отварана му е главата ? Тоа значи операцијата што му е направена?
Да не летам ама ако е така, малку чудно ми е да биде без макар минимални последици, колку и да е напредна медицината..
Секаде има ризик
Да де..операција на главата е.
Со поновите методи поголема е можноста да помине без последици, дури со минимални штети максимум, но се зависи во кој временски интервал е направена интервенцијата по појавувањето на крварењето во мозокот и во која локација поточно кој центар му е погоден.

Да се надеваме дека сите овие детали се на негова страна.

Моја проценка е дека по операцијата ќе го држат неколку дена во кома, па тек потоа ќе се знае конкретно каква е состојбата...сега е прерано.

Сепак мислам дека со сигурност ако е се во ред до почетокот на наредната сезона ќе биде на рехабилитација...а со оглед на возраста може и подолго да трае.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Дали има нешто точно некој релевантен за клубот да изјавил нешто околу поврзувањето на Милинковиќ-Савич со нас?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom