Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

S

silmarillion

Гостин
Од кај знаеш, ете можеби знаеле како се води држава, па затоа биле праќани на Голи Оток... :toe:
Не викам не, дај име на некој може ќе прокопаме ќе најдеме нешто негде некој запис.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.433
Поени од реакции
87.101
Не викам не, дај име на некој може ќе прокопаме ќе најдеме нешто негде некој запис.
Такви податоци тешко дека ќе најдеме дури и ако буричкаме низ темната страна на интернетот. Преку 1000 луѓе само од Македонија завршиле таму, и не сите биле соодветно школувани, али ете се нашле таму. Можеби најпознат од нашиве што завршил на островот е Панко Брашнаров еден од членовите на АСНОМ.
Еве немора да биде на Голи Оток, знаеме дека еден Ченто и Павел Шатев не служеле робија таму, али посекако биле прогонувани од државата.
 
S

silmarillion

Гостин
Да ама освен патриотизам и независна држава понудиле нешто друго? Мора таа држава да има план за развој и опстанок. Ние до ден денес живееме у фејк држава без план. Па пола народ отиде да се докажува у Софија и Ќустендил дека има прадедо бугар за да вадат државјанства.

Знаеш тоа ти е као сеа синти ти вика слушај ја се отселувам од дома и идам под кирија да си бидам свој човек. А ни работа има ни ти кажал што планови има. Ок е тоа?
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Кратко и јасно, да беше Југославија толку јака држава, и народот во нејзе да живееше толку сложно како што некои викаат, никогаш немаше да се распадне. Сега за нас најбитно е да тераме напред, од спомени не се живее.

Вака кога ќе размислам можеби едина добра работа што излегла од тие простори е Ју Рокот, али знаејќи дека истиот тој период никнал и Турбофолкот... епа еби му матер :kuracc:

Nezman kako stois so godinite, dali si relevanten za temava.
To za turbo-folk ot, se rodi vo vreme na Milosevic (ostatokot na SFRJ, t.n. SR Jugoslavija). Znaci nema vrska so SFRJ !

Jugoslavija bese silna drzava !!! Vo toj vremenski period i taa konstelacija na silite (Istok-Zapad), Yu bese i toa kako vazna, ne samo kako voena sila, nego i kako politicki faktor. Sekako deka imase i slabosti, kako i sekoja druga drzava. Nacionalizmot bese tabu broj eden, bese jasno deka vo edna poveke nacionalna drzava moze da bide katastrofalen, pa taka i bese po 40+ god. padna tokmu na taa finta.

Univerzitetite, nekoi ne site, produciraa kvaliteten kadar, sposoben da se nosi so site predizvici vo svetski ramki, bez razlika dali e medicina, tehnika itn.

Vidi ja naselbata Aerodrom (kako primer), sto se napravilo togas, so koj kvalitet na gradba, za toa vreme i vidi denes na sto lici naselbata, i tek na sto ke lici po nekolku godini koga ke zazhiveat (ke se naselat) site tie objekti, ako se sluci toa voopsto, nekogas.

Nie makedoncite sme nacija/narod bez koncept, nie davame rezultati samo koga drugi ne upravuvaat, pa otuka i vo togasna MK imase pohumani uslovi za zivot, skoro za site, a ova denes ne lici ama bas na nisto, za 1/4 vek dokazavme deka ne sme kadarni ama bas za nisto, osven za palamudenje.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
А дали добиле прилика да понудат нешто друго? Nope :)
Прилика не се добива, се изборува!
Очекуваш дека КПЈ ќе му понуди на некој: Ај ти дете пробај, отцепи ја Македонија од СФРЈ, ако те биде арно ако не па ништо, пак ќе си дојдеш тука?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.433
Поени од реакции
87.101
Па еве нивните себепрокламирани наследници од 91ва до денес ги гледаме и со прилики и со све.
Глупо е да ги мешаш (споредуваш) луѓето што лежеле во затвор затоа што имале свое мислење за народот овде, со овие дебелогазовци од 91ва па наваму :)

Едниве растеле во период на сиромаштија измеѓу две светски војни, другиве расателе во мир и благосостојба. Nма разлика :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.146
Поени од реакции
16.291
насловот на темата е општ, имало разни Југославии.. добра беше Кралевина Југославија, па и СХС... признаени и ценети во регионот, во време на светската криза додека во Грција умираа од глад тука немаше проблем ... уште пред ВВ„ имаше и производство на авиони ( Дорниер) ... и да останеше капитаалистичкиот поредок по ВВ2, најверојатно сите народи ќе си добиеја некакви права, впрочем делата на Кочо Рацин се печатеа на македонски уште пред ВВ2
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.433
Поени од реакции
87.101
Прилика не се добива, се изборува!
Очекуваш дека КПЈ ќе му понуди на некој: Ај ти дете пробај, отцепи ја Македонија од СФРЈ, ако те биде арно ако не па ништо, пак ќе си дојдеш тука?
Епа пробале да се изборат, и ете дел завршиле Голи Оток, дел во Идризово, дел биле протерани од државата. Ете пример за Шатев не дозволиле неговото тело да биде закопано по негова желба во Кратово, туку го оставиле во Битола... зш, како, зошто само они си знаеле.

Nezman kako stois so godinite, dali si relevanten za temava.
To za turbo-folk ot, se rodi vo vreme na Milosevic (ostatokot na SFRJ, t.n. SR Jugoslavija). Znaci nema vrska so SFRJ !

Jugoslavija bese silna drzava !!! Vo toj vremenski period i taa konstelacija na silite (Istok-Zapad), Yu bese i toa kako vazna, ne samo kako voena sila, nego i kako politicki faktor. Sekako deka imase i slabosti, kako i sekoja druga drzava. Nacionalizmot bese tabu broj eden, bese jasno deka vo edna poveke nacionalna drzava moze da bide katastrofalen, pa taka i bese po 40+ god. padna tokmu na taa finta.

Univerzitetite, nekoi ne site, produciraa kvaliteten kadar, sposoben da se nosi so site predizvici vo svetski ramki, bez razlika dali e medicina, tehnika itn.

Vidi ja naselbata Aerodrom (kako primer), sto se napravilo togas, so koj kvalitet na gradba, za toa vreme i vidi denes na sto lici naselbata, i tek na sto ke lici po nekolku godini koga ke zazhiveat (ke se naselat) site tie objekti, ako se sluci toa voopsto, nekogas.

Nie makedoncite sme nacija/narod bez koncept, nie davame rezultati samo koga drugi ne upravuvaat, pa otuka i vo togasna MK imase pohumani uslovi za zivot, skoro za site, a ova denes ne lici ama bas na nisto, za 1/4 vek dokazavme deka ne sme kadarni ama bas za nisto, osven za palamudenje.
Пишав јас немора да се објаснувам... да беше Југославија цврста и јака држава кое негувала братство и единство, ќе опстанела и ден денес. Вака се држела се до смртта на Тито, после него потоп.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Пишав јас немора да се објаснувам... да беше Југославија цврста и јака држава кое негувала братство и единство, ќе опстанела и денес. Вака се држела се до смртта на Тито, после него потоп.
На Југославија и требаа само уште десетина години да поживееше Тити за да опстане како држава. Југославија ја растурија генерациите кои во тие години имаа 40-50 години и кои сеуште се сеќаваа дека биле Срби или Хрвати. За мојата генерација беше нормално да си Југословен, воопшто не живеевме никаков ситен национализам.

Инаку, не си прајте бајрам со умот, Југославија за овие партали кои настанаа од неа беше ДРЖАВА.
 
S

silmarillion

Гостин
Глупо е да ги мешаш (споредуваш) луѓето што лежеле во затвор затоа што имале свое мислење за народот овде, со овие дебелогазовци од 91ва па наваму :)

Едниве растеле во период на сиромаштија измеѓу две светски војни, другиве расателе во мир и благосостојба. Nма разлика :)
И глупо е и не е. Што правел мнозинството народ кога имало апсења за Голи Оток? Некој протест или бунт? Крв, жртва?

Значи мнозинството се согласувале со политиката на СФРЈ и Тито, а кон Ченто Брашнаров и слични гледале како одметници.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.433
Поени од реакции
87.101
На Југославија и требаа само уште десетина години да поживееше Тити за да опстане како држава. Југославија ја растурија генерациите кои во тие години имаа 40-50 години и кои сеуште се сеќаваа дека биле Срби или Хрвати. За мојата генерација беше нормално да си Југословен, воопшто не живеевме никаков ситен национализам.
На Југославија и требаше Тито што ќе живееше до 101, и назад :). Инаку во војните по распадот на државата учествуваа од најмладо до најстаро, не беа само 40 и 50 годишнаци.

И глупо е и не е. Што правел мнозинството народ кога имало апсења за Голи Оток? Некој протест или бунт? Крв, жртва?

Значи мнозинството се согласувале со политиката на СФРЈ и Тито, а кон Ченто Брашнаров и слични гледале како одметници.
Па штознам, можеби се задоволиле со тоа што КОНЕЧНО после години измачување што од Турци, Бугари, Грци, Балисти и Срби добиле некакви права во таа нова држава. Некои не мислеле дека е тоа доволно... И не верувам дека еден Ченто, Брашнаров (АСНОМ), Шатев (Солунски Атентатор) ги сметале за одметници, туку толку им била дадена слобода за говор. А некој прозборел добро за овие луѓе, одма можел да го јаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom