По секоја профитерска и човечка логика ПРОТИВ, со конверзијата се намалува вредноста на обичните акции, а и профитот (идниот) ќе треба да се дели на повеќе или проста математика вели ако овие 117 денари се поделат со посакуваниот број акции ќе се добие 114,029 денари што е 2,6% помала добивка
или уште попроста математика вели дека главниот акционер кој зима по 30м евра (произволна бројка) ќе треба да се откаже од 780к евра годишно за да и угоди на овие
значи поголема е веројатноста да се повлечат тие акции и да се плати 402 денари плус нешто (еве и 500 нека бидат) или би фатило за 2 години помал ќар за главниот акционер, понатаму пак ќе си вади поголем ќар
и 99,99% дека состојбата ќе си остане каква што е оти главниот акционер дава 1000-тинка од профитот на сите приоритетни акции или за да се стаса до вредноста од 400 денари потребни се 45 години по 2 милијарди профит.
Тоа дека било барање на некој иден ПРОФИТЕР не држи вода, оти тој идниот профитер е исто профитер како и НБГ.
Заборавив да додадам дека оваа не е барање на надзорниот одбор (односно шефот), туку барање на 5%+ од имателите на приоритетните акции и овие го ставиле на дневен ред за гласање, а за да помине треба гркот да се мрднал од умот па да помине,
впрочем и ако ја продава 2,6% на 220-230 колку сега му вреди делот е 6м евра помалку,
тоа што поминуваат толку скапо говори за неписменоста која владее на берзата,
што ако помине? знам дека тоа ќе ме прашате, пишав и погоре, било кој акционер со над 50% треба да се мрднал со умот за да помине тој предлог.