Да имаше еден политичар да размислува како
@Joe Dalton немаше до овој степен да дојдеме.
Иронијата е што тие овие работи ги знаат подобро и од мене и од тебе и од сите тука на форумов. Зборувам за политичари од рангот на Тевдо на пример. Тој многу добро знае дека ова што сега се прави не чини и дека не е вистинскиот начин. Тој се одлучил да биде марионета во моменталнава власт и таквиот избор нека му служи на чест на звањето кое го има.
Едно е да зборуваш од неутрална позиција а друго е како репрезент на политичка партија. Тој и сите останати политичари како него, ги претставуваат интересите на партијата која ги ставила на власт. Интереси кои се диктирани од разни тендер бизнис лоби групи на кои што му одговара моменталната ситуација, заедно со интересите на странскиот фактор.
Ние сме на ова дереџе веќе скоро 30 години и ќе бидеме уште толку ако некои работи суштински не се променат за брзо време. Оваа држава е заложник на една група луѓе.
Кај нас владее концептот на неказнивост. Политичарите не сносат никаква одговорност пред народот за нивните постапки.
Моменталнава гарнитура дојде на власт баш на крилјата на овој концеп, со заложба дека ќе го промени. Дека еднаш засекогаш ќе завладее и кај нас правната држава. Дека Грујо и Митре од Свирипичино ќе станат еднакви пред законот, или барем приближно. Дека ако ништо друго ќе се прават заложби за тоа да стане така.
Но изгледа дека овој концепт никогаш нема да завладее кај нас, или пак не во блиска иднина. Владата на СДСМ е утописка влада, со утописки реформи.
Со овие податоци имам впечаток дека на големо се манипулира. Заводот за статистика е институција која секоја власт ја манипулира.
Заев и во кампањата ги кажуваше работите што „ќе ги промени“, без ниту еднаш да објасни како. Истото го праеше и паторот. Заедно двајцата шминкаат стара баба пред умирање и сакаат да ја прикажат како супер-модел. Како за споредба - едно е на пример германската економија ако расте за 2% - тоа е како да споредуваш вошка да порасне за 2% и слон.
Секакви мерки што не стимулираат создавање на производ, развивање на производство (какво и да било од пиперки до смартфон апликации) се таков шминкерај и фолирање, а проаѓа само кај луѓе што се тотални ќутуци за економија (а такви и за извоз ги имаме).
Ниту едни податоци кај нас не можат да се земат за релевантни, затоа повеќе зборуваме со приближни бројки кои отсликуваат хипотетички ситуации.
Економскиот раст како бројка е ирелевантен податок ако истиот не е поткрепен со уште еден куп објаснувања како се дошло до него. Омилена активност на сите политичари кај нас е расфрлањето со бројки од ракав и штанцање на истите за нивна дневно политичка корист.
И во времето на Грујо, растот кој што се пласираше во јавноста не беше реален. Општо познато е дека многу мал дел од него беше резултат на работата и растот на капиталот во реалниот сектор, а многу повеќе беше последица на растот во градежниот сектор, кој пак беше финансиран низ разно-разни проекти од државни пари.
Така и сега. Се шпекулира со бројки. На почетокот на годината проекциите за раст беа нешто над 3% за после неколку месеци да се намалат под тоа ниво. Ништо чудно да ја завршиме годината и со раст од 2% па и помалку. Еве пола година скоро заврши.
На Германската економија тие 2% раст и се повеќе од доволни. Кај развиените економии се нормални ваквите навидум ниски стапки на раст. Германската економија генерира годишен БДП во трилиони. Замисли на толкава цифра раст од 2% за која сума станува збор. Додај на тоа дека ваквиот раст е реален и истиот потекнува од сектори кои се витални за една здрава економија. Зборувам за производство, т.е индустрија.
Кај нас со БДП од нешто над 11 милијарди годишно раст од 2% не менува многу. Затоа вообичаено е земји во развој како нашата годишно да постигнуваат стапки на раст и над 5%. Трикот е да се задржи таквиот тренд минимум 5-6 години во континуитет. Затоа Грујо во време на Светската криза кога беше ги манипулираше простите народни маси, продавајќи басни за "најуспешната" европска економија. Раст од 2% ни го продаваше како огромен успех, правејќи компарации со огромни економии како Германската, кои што во тој период остваруваа минимални стапки на раст.
Нас кризата не "одмина" едно: заради што сме во вечита криза. Немаме економија. И таа што ја имаме е многу малку интегрирана со светската. Ние повеќе увезуваме од колку што извезуваме. Кризата почна во САД како резулатат на "балонот" што се создаде во секторот недвижнини...небитно.
Видете ја сега Германија од Грујово време и оваа денес. Остварува економски суфицит а нашава тоне во провалија и се движи на работ на рецесија. Ако тогаш причината за неуспех беше економската криза, денес што е? И тогаш и сега причините се исти. Политичките раководства се најодговорни.
Секакви мерки што не стимулираат создавање на производ, развивање на производство (какво и да било од пиперки до смартфон апликации) се таков шминкерај и фолирање, а проаѓа само кај луѓе што се тотални ќутуци за економија (а такви и за извоз ги имаме).
И не само било каков производ. Ние за да купиме еден iPhone треба да извеземе еден тон пиперки. Замисли колку напор треба за да се произведе тој еден тон пиперки и колку вложување. За на крај некој прекупец да ги откупи за багателна цена.
А од друга страна колку време и пари треба да се склопи еден iPhone. Аутсорсингот во време на глобализација чуда прави. Кинезот ајфонот ќе го склопи за ич пари а ти ќе треба да произведеш еден тон пиперки за да го купиш.
Затоа ќе ги ставиш пиперките во тегла, ќе ги направиш ајвар. Ќе му залепиш етикета, ќе му удриш промоција, ќе најдеш пазар...и место кило пиперки да ги продаваш по 10 ден. (зборувам хипотетички) од тоа кило ќе направиш две тегли ајвар кои што ќе ги продаваш на Швабото како "македонски кавијар" по цена од 5 евра тегла. Ова чисто колку за пример.
Кај нас менаџмент и маркетинг џабе се учи по факултетите. Зборот маркетинг за рандом македонски газда асоцира на реклама и ништо повеќе. Ретко кој знае дека тоа е цела една дисциплина и дека рекламата е само мал сегмент, капка во морето.
Е баш на овој концепт Амерот прави големи пари. Продава магла, маркетиншки обработена му ја продава на светот по цена многу повисока од реалната.
Далеку сме ние од овие концепти. Економски неписмени сме ко што велиш. Иронично, економисти со лопата да риниш во државава.
Економијата само кај нас е потценета наука. Затоа сме на ова ниво.