Тунел за скии на задно седиште

Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Се мислам да земам половен пасат, кој има сè што сакам освен тунел за скии на задното седиште. Има наслон за рака кој се спушта со вратиче зад кое стои прибор за прва помош. Но позади тоа има лиена пластика и нема пристап до багажникот.

Во Порше Мак. се јавив и ми рекоа дека кај нив можам едиствено цела задна клупа да порачам што би коштало над 1000 евра така што тоа не ми е опција.

Дали некој знае каде би можело да се изведе нешто слично? Технички треба само да се исече дупката во лиената пластика и ако има уште нешто позади тоа.

Што мајстор да барам за ваква работа?
Идеи, предлози....

Благодарам

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.720
Поени од реакции
2.478
До толку ти е битно скиите така да ги носиш? Најубаво ти е како секој нормален човек да со земеш од оние држачи (или како и да се викаат) за на кров... Можеш и багажник да ставиш и точак и скии и се...
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
До толку ти е битно скиите така да ги носиш? Најубаво ти е како секој нормален човек да со земеш од оние држачи (или како и да се викаат) за на кров... Можеш и багажник да ставиш и точак и скии и се...
Па да битно ми е, бидејќи така е многу подобро да се носат и ставаат. Не треба ништо да врзуваш нити причврстуваш, само ги пикаш внатре и возиш. Ем е колата аеродинамична, ем не зголемува потрошња, ем нема додатни трошоци и монтирање па демонтирање на држачи. Поелегантно решение за носење скии нема.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337

Па барај у отпад некој пасат со дупка што има и купи ја клупата
 
Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Се мислам да земам половен пасат, кој има сè што сакам освен тунел за скии на задното седиште. Има наслон за рака кој се спушта со вратиче зад кое стои прибор за прва помош. Но позади тоа има лиена пластика и нема пристап до багажникот.

Дали некој знае каде би можело да се изведе нешто слично? Технички треба само да се исече дупката во лиената пластика и ако има уште нешто позади тоа.

Што мајстор да барам за ваква работа?
Идеи, предлози....
Па барај у отпад некој пасат со дупка што има и купи ја клупата
Барем за фолцвагени имаш делови на кило. Обрати се до некој авто-отпад кај што растураат коли за делови (накај тетово имаш колку сакаш) и види ги цените. Јас би рекол дека за стотина евра ќе најдеш половна клупа. Дури немораш ни целата комплет туку само делот што е за грбот.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
убодна пила (имам)и едно зелено пиво(добро би дошло)ќе свршат работа,струја не рачунам,ќе се плати од пензијата на домашните.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Дечки фала ви советите, најверојатно така ќе побарам од одпад да го најдам делот и да го заменам.

Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom