Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
М'ќи, М'ќи, M'ќи....На пример, хелиоцентризмот е:
- ориентациона бесмислица во однос на Вселената,
- модел за опишување на Земјата во однос на најблиските небески тела, т.е. модел кон никој не го видел со своето око,
- модел кој е нестабилен, затоа што Сонцето не е фиксно, туку заедно со Земјата и придужните планети е (така велат, нели...) дел од надворешен крак од Галактиката и Сонцето, онака топтан со све планети, „пичи 100-ка„ во Вселенската бесмислица,
- модел во кој се‘ уште (аман бе, па веќе сме у 21-от век...), не се знае точниот број од планети (или малку поголеми вселенски карпи...),
- модел за кој нема целосна структурална испитаност а се прифаќа за точен,
- модел во кој секојдневно се „открива нешто ново„, во облик од небесен феномен,
- модел за кој не знаеме „што има„ зад Плутон, иако „Војаџер„ е надор од Сончевиот систем веќе 40г. (!!!),
- Сонцето не ти било само центар околу кој се „вртат„ блиските планети, туку све топтан се „врти„ спирално (низ кекаков празен простор...),
- Земјава да ти била само една од катаљардите планети во Вселената и токму на таа планета, онака, спонтано да ти се создал живот, онака, случајно, а тој живот неизбежно се завшува со смрт,
- целата Вселена да ти била набиена во една точка, (не знаеме од кај се појавила, ама не е ниту битно, оти во хелиоцентизмот бесмислицата се подразбира...),
...и сето тоа, нормално, има голема смисла и цел во постоењето....
Доволно?...
Колку си ти глупав и површен.
Очигледно е дека книга немаш прочитано.
„Спирално, празен простор, “, како само несмасно и инфантилно ги користиш овие термини.
Точно, космологијата не е најразвиената наука, затоа што на планетава егзистираат милиони идиоти како тебе, што може религиски да се „возат“, да им се продава неправда и нетолеранција, да се колат за педа земја, па со нивни амин се инвестира во оружје, а не во наука, така да дури и тоа што е постигнато до сега е чудо.
Знаеш чие постоење нема смисла? Твоето, точно....пошо „све ти е јасно у животот“, па најбоље да идеш да се џитнеш од некоја карпа повисока....не, иди џитни се од крајот на плочава (на која си мислиш дека живееш), само прво најди го.
За среќа има луѓе што константно работат на истражување на „непознатото“ и тоа им е (и тоа каква) смисла за егзистенција. Знаеш тоа каков предизвик е? Нормално дека не знаеш, за тоа е потребна интелигенција.
Седни прочитај ја „The greatest story ever told" oд Lawrence Krauss - не е за златни телиња, измислени родени ликови пред 2000 зачнати „без сексуален однос“, за кои нема никаков податок за 33 години, освен дека еднаш нахраниле со риба некои си луѓе што не се знае дали постојат и завршиле обесени некаде....нема такви тралалајки. Ќе видиш како се разработуваат податоците од надградениот Хабл, од Чандра ....веќе на големо се прават каталози од егзопланети, во кои многу прецизно се одредува нивната старост, димензии, растојанија од матичните ѕвезди, состав на површината, циклуси на ротација итн. и никој таму не се замара со твоиве заблуди што Коперник, Кеплер ги апсолвирале пред 500-600 години. Ако има барем некој читав неврон у тебе ќе сконташ кои се принципите на науката и како се доаѓа до овие (за тебе само) прикаски....ама многу очигледно дека си преживеал некое воспаление, па веројатно единствено рамно овде у темава е кората на твојот мозок.
Интернетот е плод на науката. Компјутерите се развивани за потребите на науката. Ако така инфантилно и глупаво ја исмејуваш истата, зошто го користиш интернетот? Пак ќе ми одговориш со „атеистички начела“?
Биди принципиелен и врати се да живееш како прав аскет, без струја, без интернет, у некоја пештера, па за вакви „егзотични муабети“ да доаѓаме и да те гледаме како циркуска егзебиција, а не да го труеш форумов на дневна основа....ама немаш ни грам сознание што значи принцип и што значи човек да биде принципиелен. Се бавиш само со извртување, избегнување на конкретни одговори, инфантилно, неоправдано исмејување и навреди.
Кога ги читав Верн, Асимов, Саган....кога гледав „Star trek“, 80-ти години, да ми кажуваше некој дека во 2018-та година ќе се распраам со тупав бот како тебе дали Земјата е рамна плоча или елипсоид, ќе се згазев од смеење..
п.с.
Барај го @Атеист да ми го избрише и овој пост за да те спаси од уште едно соочување со реалноста.