Додека главен конкурент на Јувентус за Скудето е екипа која против Мусачо и Запата створи само една шанса и тоа на јуриш во 93 минута, а во ситуација кога МОРА бар да проба да победи, овие ќе си освојуваат без проблем и 12 по ред ако треба.
Јес, Милан е екипа која одлично се брани откако е Гатузо на клупа, многу солидно и организирано делуваат и немаа многу пехови во одбрана, си има и тоа кредит, ама Наполи беше толку слаб и анемичен, што ме потсети на еден Милан пред сезона - две - три кога сите бродови беа потонати, а не се гледаше ни светло на крајот на тунелот од црнилата со кои зрачеа Бакаје Траоре и Кевин Констант.
Можда е рано, ради коректност треба да се почека, ама мислам дека Наполи толку ги исцица сезонава, што не само што нема шанси да ги надополнат овие 6 бода заостаток зад Јувентус, туку од следна сезона натаму ќе бидат се послаби и послаби. Ако не освоија оваа сезона, нема ни во блиска иднина. Створија таков баук медиумите,јавноста, навивачите дека ова е ТАА сезона кога Наполи е зрел да му го земе Скудетото на Јувентус, па створи и самиот Наполи ситуација каде сите карти ги фрли на таа маса, се откажа од Лига Европа, каде лагано можеа бар до финале со малку среќа, епа нека пушат курац сеа. Ќе се деси очекувано празнење и разочарување, нема бегање. Хамшик е во надолна линија, Мертенс го достигна зенитот и сеа ќе паѓа, Инсиње ако не е глуп ќе си замине, Кулибали виси више три мерката, Сари исто и чао џаци. Ова е некој мој впечаток, не мора да е така, ама се некако така ми мириса.
Искрено, мислам или сакам да мислам дека серијата на Јувентус можат да ја прекинат само миланските екипи. Е сеа со оглед на тоа дека за да освои Интер треба свемирот да направи заговор за тоа, мислам дека прв шампион на Серие А после Јувентус ќе биде оној кој беше последен шампион пред овие да ја почнат серијата. Не знам дали ќе биде за сезона, две, три, ама хашишот и змејот тоа го кажуваат, да знаете, јебига.
Ова предвиџање евентуално може да го поремети Рома која на крилата на ова изненадување што го напраи сезонава во ЛШ, со парите кои ќе им дојдат се појачаат квалитетно и прекинат да бидат супермаркет, може да створи амбиент и да се наметне за Скудето, ама исто мислам дека ќе им треба помош од свемирот за тоа.
Колку навивачки пост а? Ама шовебам, затоа е темата.
