Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.080
Поени од реакции
5.647
Муабетот за Павловиќ е излезен од менаџерот на Загреб, Божидар Јовиќ за Вечерњи Лист во кој што кажува дека меѓу најзагреаните се Берлин, Мелсунген и Вардар, така да сигурно има некаква вистина во муабетот. Меѓутоа, во ваква ситуација како што работите стојат просто не можам да поверувам дека би успеале да го потпишат во таква конкуренција. Тоа што клубот сеуште нема официјализирано ниту едно засилување, а веќе е Април кажува и повеќе од доволно за тоа какви и колкави се амбициите на клубот за во иднина.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Сите фирми кои ги имал во Мк Самсоненко а биле неколку ги затворил. Така да јасно е колку е саат. Плаши само муабетот што е повторно актуелен а доаѓа од момак што работел во една од неговите фирми, а тоа е дека се уште не им се исплатени платите на ракометарите, и тоа не биле три четири плати туку за цела оваа сезона. Ако е точен муабетов искрено не гледам како би се мотивирале ракометариве дури и против еден Кил...Тоа се реално многу пари.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Веќе две години шкрипи со платите. Уствари требаше на сите јасно да им стане уште кога единствено засилување беше Рожерио од фавелата. Досега се вадевме на генијалноста од Раул, од следната година нервози :)))
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
383
Поени од реакции
1.079
Сите фирми кои ги имал во Мк Самсоненко а биле неколку ги затворил. Така да јасно е колку е саат. Плаши само муабетот што е повторно актуелен а доаѓа од момак што работел во една од неговите фирми, а тоа е дека се уште не им се исплатени платите на ракометарите, и тоа не биле три четири плати туку за цела оваа сезона. Ако е точен муабетов искрено не гледам како би се мотивирале ракометариве дури и против еден Кил...Тоа се реално многу пари.
Навистина ќе биде тешко да се издигнат над целава ситуација во клубот и да дадат максимум. Муабетите околу клубот се дека и претходните години имало доцнење на плати по повеќе месеци, исплаќање по завршување на сезона и тоа (наводно) откако на Штербик ќе му се раскусурат целосно па после за другите... до лани Штербик беше легенда со два плакари титули, 3-4 (Кањелас, Дибиров, Шишкарев, Чупиќ) беа искусни играчи со успешни кариери, а останатите беа (по)млади, без сеуште позабележителен успех во кариерата кои преку Вардар гледаа шанса за достигнување на врвот. Сега сите се шампиони, го достигнаа врвот, а од клубот добија неизвесност и движење во слободен пад, кое мислам дека повеќе ги демотивира и од доцнење на плата. Повеќето се веќе со обезбедени нови договори во други клубови, така што тешко е да се види како би се мотивирале.
Одговорот ќе го добиеме викендов на Ф4 во СЕХА. Ако изгазат како што можат и знаат ќе значи дека сепак имаат мотиви и дека може да се очекува тежок фајт со зебрите и поход кон одбрана на титулата и во ЛШ. Тоа би било ново ниво на успех бидејќи сеуште никој не одбранил титула во ЛШ. Ако влезат лабаво уште во петок со Брест ќе мора и ние да ги прилагодиме очекувањата од 1/4 финалето со Кил.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.080
Поени од реакции
5.647
Малку вон моменталнава тема да отидам. Вчера гледам на стрим унгарска лига Веспрем - Будакалаш, тим кој е моментално 5-ти на табела у Унгарија. Десниот бек на Будакалаш дава 2-3 голови по ред, му го слушам името кое ми звучи многу познато, не не можам да се сетам од каде. Отварам google, кога ја гледам легендава што настапуваше за Вардар пред 6-7 сезони (може и јаче) у времето на Михајло - http://www.eurohandball.com/ec/ehfc/men/2017-18/player/517065/Reznicek+Tomas. Скроз истиот играч е, само шут има, ниту некакво движење, техника, ништо. :lolzz:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Да не знае човек што е бетер, Видиќ што го акцентира Мешков неправилно или Зоки Кастратовиќ и неговиот дрвен македонски.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Добро изиграа вчера. Но треба повеќе да направат за да влезат во финале ЛШ. Оваа СЕХА лига е наша. Ќе ги тепаме Загреб во финалето.

Мораеш се изгуби во утакмицата вчера. Не му беше денот. А и Криштопанс имаше неколку пречки. Не го следеше среќата.

Недановски добар беше. Подаде две добри топки. Мислам дека имаше некој негов фан тука на темава. Ќе го биде момакот.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
881
Поени од реакции
2.712
Недановски полни 33 години ова година, у јуни .. а Поповски е млад 22 мислам, можда си помешал нешто.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Kajgana Shop

На врв Bottom