@MIKI1 Ок, ај вака, да нема само препукувања на темата. Може да знам точно кој е твојот став и во што точно веруваш ти за да знам со што си имам работа? И уште две прашања што би можел да ми ги одговориш: Со каква намера некој би криел дека е земјата е рамна, значи, што ќар има некој од ваква работа, кој и да е тој? И да речеме нека е рамна, како тоа досега не излегла оваа информација, не процурила од некаде, пошто нели знаеме, и најдобро штитените информации излагаат кога тогаш, при толку луѓе замешани во работава(очигледно за да се одржи ваква грандиозна лага, треба многу луѓе)? Ме интересира твоето размислување тука. Мислам ова е fair enough.
Е, вака е веќе подоборо...
Еве ги моите одговори и коментари, според поставените прашања, како и нешто појќе:
- верувам во благиот Бог, пшто значи дека веќе имам во „кого„ (а не во „што„) да верувам и таа верба ми се сосема доволна. Таквата верба се нарекува и „внатрешна„, за разлика од „надворешната„, која ја практикуваат атеистичките верници.
- никаде (!!!) немам напишано дека верувам дека Земјава е „рамна„, а ниту дека е „топчеста„. Моето вродено око „дофрла„ до хоризонтот, но не може да види дека Земјава има топчест облик.
- исто така, моето вродено око, во реално време, ми пренесува непосредно створена информација, заснована на очевидност, дека Сонцето се „врти„ околу Земјава, а не обратно. Само луѓето кои сакаат да размишљаат апстрактно, содаваат модел (!!!), според кој Земјава е „врти„ околу Сонцето, а тој феномен никој жив не го видел со своето око!
- никој не криел, ниту крие дека Земјава е „рамна„, оти „рамната Земја„ практично и била неодвоив дел од геоцентричниот светоглед, во кој (светоглед) во игра била и „топчестата Земја„, како дилема која се „влече„ од антиката. Така, нема никакво криење, туку „возобновување„ на историски познат „модел„ за Земјава.
- дека Земјава се „врти„ околу Сонцето, тоа е став кој е зачнат како идеја, да не кажам како вера, од веќе познатиот историски лик, кој во текот од својот живот не ни можел да го докаже она во кое врувал! Слично е и со хелиоцентричниот модел од Коперник.
- како последица од „,...замената на реалноста со идеи за реалноста...„, имаме еден куп идеи, запакувани во сцентистичка амбалажа (ради убедливост!), кои се веќе познати, а тоа се: хелиоцентризмот, Теоријата за еволуцијата, теоријата за „Големата експлозија„, теоријата за ова и за она...Значи, теориите за све и свашта се множат инфлаторно, а вистината никаде ја нема!...
Поената од моите постови е следна:
- не да дожаже дека Земјава е „рамна„, туку да докаже дека нема поголеми верници од атеистичките верници, односно идолопклоници, кои веруваат у све што е „...научно докажано...„, а од доказите-ни трага ни глас!
- истите тие верници им се потсмеваат на верничките/религиозните верници, дека (овие вториве) верувале во нешта кои не се видливи, а самите атеистички верници тоа го чинат во неспоредливо поголема мерка и обем и без никаков основ! Верничките верници точно знаат во што веруваат, односно не веруваат во било што!
- мене лично, „рамноземјаните„ ми се интересни затоа што се дрзнале (срам да им е!....
) да се посомневаат во вистините кои им ги нудат дел од науките.
- плус, „рамноземјаните„ поставуваат незгодни прашања, на кои „топчестоземјаните„ тешко дека можат да одговорат, а без да се „фатат„ за универазално „точниот„ одговор, именуван како „гравитација„. Се надевам дека со гравитацијата, наскоро ќе почне и лекувањето на сите видови канцер!...
- гледано пошироко, тој сомнеж се однесува не само на „топчестата„ Земја, туку и кон други плаузибилно прифатени теории, чија докажаност е т‘нка. На пример, славниот Мичио Каку (!!!) поставува реторично прашање: „А што ако Теоријата на релативитетот е погрешна„?. Или на пример, Велимир Абрамовиќ (!!!) веќе ги има објавено грешките од почетните поставки од споменатата Теорија. За Теоријата не еволуцијата да не зборуваме, оти веќе е направена „партал„.
- и она што е најопасно, а тоа е дека живееме во време во кое техничките можности за масовна манипулација (која се практукува во реално време!) се невидени, така да Гебелс може да им носи вода на денешниве манипулатори, кои лагата (!!!) ја прикажуваат за (научна) „вистина„!
Доволно?...