Аман луѓе, зошто го кривите Оливер кога беше за пенал дуелот? Па и пандитите на БТ спорт го бранеле зошто е Англичанец, WTF?
Барајте ја вината во Бенатија тука или па комплетно во дефанзивата на Јуве што го остави Лукас сам пред гол. Мене ме извади од такт Оливер вчера затоа што е неавторитетен лигуш, којшто за истата конфронтација на која му прогледа низ прсти на Харт, му извади црвен на Буфон ама дека ова не беше пенал..
Ова. Настрана пеналот кој е правилна одлука и не може да му приговараме за истата, ама мочково Оливер да ми велите дека имал муда, отсудил добро генерално или не знам што
Роналдо три пати сам се фрли во играч на Јувентус обидувајќи се да изнуди пенал, три пати му се дереше како ненормален креваше раце не го ни погледна да му даде жолт за протест. Ако глумиш авторитет мора тоа секогаш или никогаш. Со самото тоа што тој не го исклучи Бенатија (кој веќе имаше и жолт) мене ми кажува дека и самиот не е убеден во одлуката, се испомоча едноставно. Таму прав судија или одмавнува со рака убеден дека нема ништо или оди и му вади директен црвен за спречување чиста шанса за гол и пенал и завршува дебатата. Половична одлука мене ми дава до знаење дека доживеал блек аут во тие моменти.
Една работа која ми се допаѓа е тоа што Оливер вчера во име на УЕФА постави добар критериум, дека секаков контакт од зад грб, без разлика колку е мек мора да се санкционира со пенал. Во минатото често на вакви работи знаело да се одмавне со рака, ама сега мора да ја следат оваа насока, бидејќи премногу галама се крена.
Некни на Рома-Барса судијата се мислеше три минути дали да даде чист пенал, кој згора на се имаше и основа на црвен бидејќи Џеко шутираше со десна нога од 2 метри оддалеченост. Во првата утакмица во 8ма минута чист пенал над Џеко, абе судијата не се ни приближи, одма одмавнува со рака. Не го ни носи мислата на таму, како ќе свирне на Камп Ноу за Рома пенал на 0-0, која е таа Рома. После тоа слободниот што им го даде на работ од шеснаесетникот, можеби и да беше на самата линија, односно да може да свири пенал ама каде. Од една чиста ситуација за пенал и една сомнителна, се разбира кој е резултатот нула пенали против Барса. Да не зборувам против Челзи на 2-0, имаше чист пенал над Алонсо, Пике одзад го фати за раката и го собори на земјата.
А најмногу од се што ме нервира е што тие работи поминаа онака незабележано, како да не се случиле. Тука таму по некое коментарче низ интернет, одма објаснувањето дека Барса е појака и дека секако ќе тепа и чао.