Груба грешка на Алегри што не направи барем една измена во средина, а го имаше Маркизио, очигледно беше дека паднаа последните 20 минути, еве сега слушам податок дека дури 8 километри истрчале Јувентус повеќе од Реал.
Не верувам дека ќе сменеше тоа нешто, Реал се реши да отиде all in и да ризикува или пролаз или директно отпаѓање без продолженија.
Одлично изигра Јувентус. Алегри си го поправи грешките од првиот меч, особено со играњето на Матуиди кој изгина денес. Пјаниќ исто беше одличен денеска, а Кедира братот во Јувентус многу напреднал. Сакав тоа да го пишам и на минатиот меч. Кај нас беше класичен деструктивец, овде веќе игра и ко креативец на секвенци.
Ова од Јуве денес беше најдоброто затворање на Реал кое му го има направено некој тим во задњиве 3 сезони. Тотално беше отсечен средниот ред. Колку само пати Кросс ја враќаше назад беше доказ за тоа.
Исто и одлично искористено тоа што Реал е мизерија на нафрлени топки сезонава, а и отсуството на Рамос, кое и те како се примети пошто Ваљехо ака Боби Марјановиќ беше изгубен тоталка. Тоа шо го одиграа он и Варан денеска е една од најлошите стоепрски партии шо сум ги глеал. Обично еден стоепр играл срање, другиот добро, ама денес двајцата беа мизерија.
Во евентуалните продолженија мислам дека ќе дадевме сигурно гол, но многу веројатно и ќе примевме па ќе беше пак неизвесно до крај, пенали немаше да има сигурно.
Не им замерам за револтот на фановите на Јуве, и јас да беше обратна ситуацијата ќе бев напизден до крај.
Ама така до моментот кога ќе ја видов снимката и ќе видев дека СТВАРНО БЕШЕ ПЕНАЛ, по секоја основа. Грешката на Оливер беше што му даде црвен на Буфон, требаше жут и остај го да брани. Секоја чест за прикажаното денес, ги открија и ги искористија сите салбости на Реал и на крај ради неспретниот потег на Бенатија, и отпаднаа само ради тоа.