А зашто НЕМА ДРУГ... Што не си отвориш ти своја фирма па биди душа од човек. Незнам што ве спречува да работите за себе, сите што се сметате експлоатирани а вредите за многу повеќе

Отвори своја фирма па види дали смееш да им на кажеш НЕ на тие од партија или на рекетарите кои се патем заштитени од МВР и ДБК.
Дај боже да си отвориш фирма па сподели колку е лесно и убаво.
Убав пример како и да е
Слично е и со нови станови. За да добијат дозвола, мора на градоначалник да му се дадат стан/два. Па за да му се исплати на тој што гради мора да држи повисока цена за другите станови. Доколку легално си добие дозвола ќе може да намали цената на становите во вредност на станот за мито
Тоа "нема друг" ми е напишано во контекст дека изборот за вработување кај нас е сведен на минимум, особено во помалите места во државава. Конкретно, постојат неколку помали фирми кои се во тесни корелации со локалната власт. Газдите буквално се изживуваат со работниците кои работат за 200€ во услови кога невработеноста се движи во границите од 20% ти немаш голем избор каде да работиш и што да работиш. Миграцијата од едно работно место во друго е практично невозможна. Конфекциските работници се најпогодени. Условите за работа секаде се исти, платата сегде е иста и затоа газдата му вели "ако не ти чини оди работи каде што е поарно" а сам знае дека нигде не е подобро.
Јас лично во овие услови никад не би отворил бизнис во државава. Немам никакви врски, моја нога во партиски штаб никогаш не стапнала, ги презирам од дното на душата и двете опции. Не сум газолижач, едноставно не сум воспитан во тој манир. Познавам неколкумина кои што отвориле фирми и се изгореле. Свеж пример. Имаше еден нашинец дојден од странство со намера да инвестира. Направи цела хала и никогаш не почна со работа заради бирократија и мито.
Фабриката за чипс Грујо што ја отвараше, што се случи со неа? Колку што знам на човекот не му дозволуваа да спроведе струја до објектот, повторно заради бирократија.
Низ градот еден куп дуќани зјаат празни. Инспекцијата пуздер ги направи.
Јас разбирам, ако си отворил бизнис треба да работиш по закон. Ама овие на мали бизниси кои што се отворени не цел месец му пишуваат казни за банални причини, како што е непријавен промет од 100 денари. Инспекцијата треба пред се да има советодавна улога на почетокот, посебно за новоотворените бизниси. Ако е мал прекршок треба да се укаже каде е грешката и да се издаде опомена. Нареден пат ако грешката не е отстранета тогаш казна која што ќе биде сразмерна. А не, му лупа казна од 5000€ на колонијал кој што не остварува годишен приход повеќе од 3000€. И одма после ликвидација на фирма, стечај и катанец на врата. А ваму фирма со 1000 вработени, пола од нив непријавени, никој не ја чепка оти газдата плаќал рекет на актуелната власт. Тоа ти е селективно спроведување на законите. Моментот кога законите кои што важат за мене ќе важат за сите други е тогаш може да се размислува за бизнис, сега не.
Држава која што полни буџет од казни не е држава. Ко еден познаник полицаец. Му велам: абе оти не го запираш оној со мерцедесон? И ми вели: Абе брат што дека ќе го запрам него, тој има врски ќе сврти еден број и џабе. Плус можам да влезам во проблем ако е некој повлијателен. Вака јас ќе си запирам југовчиња и стокецој, што си е сигурно сигурно си е.
Сериозни држави данок збираат од големи корпорации а не од маалски продавници.