Научна фантастика

Z

zmej gorjanin

Гостин
YUP, срање е, колку и да бев убеден дека нема да го пишам ова, и не сакав да го пишам, а верујте ми не сум тука да се качам на хејтерскиот воз. Се слагам со горниот пост, со исклучок на пар грешки, Прометеј, до некаде, барем атмосферата, беше верен на оригиналот. Тука немаше ништо оригинално, овој Елиен ми е рамен на четворката, оној што го режираше режисерот на Амели. До толку е генерички, што и Life, попознат ко Елиен за сиромашни, е филмиште за ова. Да не беа ксеноморфите и немаше ниту да знам дека се работи за франшиза на Елиен. Па уште и H.R. Gieger го лупнале ко референца за дизајнот на сетот, ова е навреда за човекот на кој отпаѓа можеби најголемата заслуга за креирањето на Елиен универзумот. Стварно сум разочаран, а толку многу се надевав. Дури и приказната не се уклапа со Прометеј. Таму бевме запознаени дека спејс џокеите го креираат ксеноморфот како совршен организам кој е способен да го уништи човекот, ко промашена нивна креација, додека тука од нигде никаде излезе андроидите уствари ги јебеле сите. Овде Ридли Скот ги измешал фреквенциите со Блејд Ранер и го промашил филмот каде ќе им ја даде одмаздата што ја заслужуваат андроидите. Јебеш га, нека превзема друго дете и нека почнат од двојката или нов приквел нека напраат, елиен има толку многу потенцијал, само да дојде во вистински раце.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Супер си функционира Холивуд. Се додека има гледачи кои и после три или четири промашувања во серијалот, повторно се спремни да платат карта, продолженија ќе се штанцаат. И јас се прелажав да го гледам Прометеј, демек повторно Ридли режира, нешто ново и свежо ќе внесе, но само ми се потврди сомнежот дека комплетно излапел. Ковенант нема шанси било кога да го гледам, ниту било што понатаму од оваа франшиза.
Мое мислење е, Камерун да не го направеше двојката, денеска и кецот ќе беше заборавен наслов.Alien=Jaws in space.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.104
Поени од реакции
34.572
Одличен филм, Blade Runner 2049. Еден од ретките каде продолжетокот е подобар... Не очекував многу, првенствено пошто нели - чест на исклучоците ама продолженијата по правило се срање. Потоа Рајан Гослинг не го љубам, и (пошто избегнувам рецензии од било кој вид пред да го гледам филмот) и не знаев ни дека Ридли Скот не е режисерот. После Прометеј не би сакал да го усере и овој продолжеток (со тоа што таму проблемот беше првенствено во сценариото, но Ридли и таму бил вмешан).

Но како што реков, филмот беше одличен. Признавам дека пред да го гледам филмот згрешив во мислењето за кастингот, Рајан Гослинг е таман за улогата (сега не можам да замислам посоодветен актер од него, за таа улога). Режијата е добра, Вилнев сосема го доловил духот и атмосферата на светот од оригиналниот Блејд Ранер, и во комбинација со доброто сценарио сцените се така добро направени и покажани да смо психопат не можел да почустува емпатија кон ликовите на главните јунаци. А тоа е една од главните причини зошто гледаме филмови, нели?
Всушност мислам дека Blade Runner 2049 сигурно ќе биде во топ3 или топ5 филмови на деценијава... И не само заради тоа што во последно време искачаат тешки срања од филмови, со неверојатна доза на хајп. :-/
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.484
Поени од реакции
18.109
Одличен филм, Blade Runner 2049. Еден од ретките каде продолжетокот е подобар... Не очекував многу, првенствено пошто нели - чест на исклучоците ама продолженијата по правило се срање. Потоа Рајан Гослинг не го љубам, и (пошто избегнувам рецензии од било кој вид пред да го гледам филмот) и не знаев ни дека Ридли Скот не е режисерот. После Прометеј не би сакал да го усере и овој продолжеток (со тоа што таму проблемот беше првенствено во сценариото, но Ридли и таму бил вмешан).

Но како што реков, филмот беше одличен. Признавам дека пред да го гледам филмот згрешив во мислењето за кастингот, Рајан Гослинг е таман за улогата (сега не можам да замислам посоодветен актер од него, за таа улога). Режијата е добра, Вилнев сосема го доловил духот и атмосферата на светот од оригиналниот Блејд Ранер, и во комбинација со доброто сценарио сцените се така добро направени и покажани да смо психопат не можел да почустува емпатија кон ликовите на главните јунаци. А тоа е една од главните причини зошто гледаме филмови, нели?
Всушност мислам дека Blade Runner 2049 сигурно ќе биде во топ3 или топ5 филмови на деценијава... И не само заради тоа што во последно време искачаат тешки срања од филмови, со неверојатна доза на хајп. :-/
Od vizuelen aspekt, Blade Runner 2049 e daleku daleku pred prviot del i tuka nema mesto za diskusija. Atmosferata odlicno odgovara na edno distopisko opstestvo. No, kako da imam vpecatok deka fali malku, malku poveke prikazna vo vtoriot del. Nesto posebno ne se privrzav emocionalno kon karakterot, mozebi deka Gosling, i mozelo podobro od nego u sekoj slucaj. Samo koga pravam paralela megu dvata lika, negoviot, i na Ford, odnosno Dekart- vo prviot del... Dekart gazi tamu :)

Prviot sum go gledal, i ke go gledam - uste desetina pati, 2049, hm, moze maks uste ednas, radi vizuelnoto majstorstvo, atmosferata i saundtrakot.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Инаку уште еден култен серијал на сај фај книги ќе биде екранизиран.


Не се знае само дали како серија или филм. Знаејќи дека ги имаме Dune, Foundation и наредна година Aliens: Accounts of The Earth War - FX (Noah Hawley) веројатно според истоимениот стрип, како и најавените филмови за Alien и Predators на Дизни/Марвел според новите стрипови. Може да се каже дека sci-fi фановите имаат материјал и избор.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The Matrix Resurrections

Колку очаен треба да си за пари за да успееш да уништиш франшиза до овој степен? Ова беше болно да се гледа, ова е срамота да се нарече продолжение на Матрикс трилогијата, ова и ко самостоен филм да го оценувам е сигурно еден од најлошите филмови во живот што сум ги изгледал. Се кајам што во последни деценијаипол сонував за вакво продолжение. Се осеќам ко да сум имал многу добар пријател кој после толку време ми забил нож во грб, многу лошо чувство. Дали Лана/Лери Вачовски воопшто учествувал/а во правењето на оригиналната трилогија или само се потпишал/а на крај, а некој друг го снимал филмот место неа/него? Мислам не ми се навлегува во детали, затоа што се е толку многу лошо што треба да издвоиш само неколку детали кои ти биле задоволитиелни, а остатокот е тешка катастрофа.

Ко пример ќе ја наведам сценава


која треба да ја оправда ликов

1640271521104.png

Кога ќе продужиме со Агентот Смит и Морфеус работите стануваат смешни и се прашуваш дали гледаш пародија или озбилни се овие? Капетан Најоби не сум сигурен што улога имаше у филмов, мене на мумија ми личеше.

Многу лошо, мислам како е возможно после 20 години филмот да изгледа толку ефтино спореден со претходникот? Kо продукција на SyFy TV да гледаш, oва можеш да го рангираш во листа на Б филмови без никаков проблем. Не се лажете у кино да го гледате, за ова ѓубре не вреди никакви пари да се дадат.
 
Последно уредено од модератор:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Гледа некој The book of Boba Fett? Епизодата со Мандо беше натпросечно добра, а и целата сезона е солидна.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
Хах, ја не ни знам дека излегла нова дизни-стар-ворс серија.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ај вака, пошто темава е за sci-fi ќе си пишам мислења за неколку sci-fi серии кои ги гледав во изминативе месеци, место да пишувам мислења во неколку теми/да отварам нови теми...

Ќе почнам со ова https://screenrant.com/raised-by-wolves-season-3-canceled-hbo-max/

1. На HBO све по списак ќе им наредам пошто ја откажуваат Raised by Wolves. Го откажувате можеби најдоброто сај фај шоу ever, да даде господ од Westworld до онаа нована серија со црнци плавуши и змејови, хипстери да ви ги серат, да фрлите еден куп пари на cgi и да ви пропаднат и никогаш да не ги завршите. Сум видел ја глупаци и све тоа, ама вакво шоу да откажеш треба да си у минус со интелигенција. Се надевам дека друга куќа ќе ја превземе. Raised by Wolves е епитома на добар сај фај, човек што покажал бар малку симпатии кон Alien франшизата ќе го обожава серијалов. Напната е, мрачна, мистична, мистериозна, со предобра актерска екипа, предобра глума, неизвесна, непредвидлива, предобри дијалози и генерално тематиката е конфликтот помеѓу вештачката интелигенција и една изгубена религија на кои меѓу другото во фокусот им е човештвото (неговото воздигнување и неговото уништување). Кога ја гледам серијата секогаш ме потсеќа на делата од H.R Wells.

2. Love, death & robots - најбоље сезона на LDR по мене. Визуелно и thought provoking ремек дело, едноставно летвичката е дигната толку високо што не гледам како шоуво не би било запаметено ко култно и ко репер за креативност. Квалитетот на приказните е толку подобар во споредба со прва и втора сезона, имаше неколку приказни што двоеја, али Jibaro(Хибаро на шпански) беше совршенство и во смисол на анимација и во смисол на storytelling, приказна со многу симболика и многу поука. Чиста 10 ка.

3. Severance - ова е веќе нешто ново, уникатно и оригинално. Сериозно добро шоу, кое нема шанси да не ве навлече и да не го избинџате за ден два, а и актерската екипа е партали, меѓу кои се и Џон Тортуро и Кристофер Вокен. Не би откривал повеќе, глејте го, нема да се зезнете.

4. Halo - веројатно фановите на играта веќе ја гледале. Солидна sci-fi акција и ништо повеќе, добра за тепање време.

5. The OA - хајпот и критиките за откажувањето држат вода само за прва сезона, втора сезона е развлечена, спора и разводнета во однос на оригиналната идеја. Многу лошо напишана приказна е втората сезона, it's all over the place, без некоја посебна поента.

6. Obi-Wan Kenobi - сезоната е во тек и вчерашната епизода според фановите била најдобра од Star Wars универзумот. Не би се сложил, не дека е лоша серијата, ама и не е нешто уау. The Mandalorian серијалот и некои епизоди од The book of Boba Fett лесно би ги ставил над ова што до сега го гледав од серијалот, но да почекаме, сезоната не е завршена сеуште.

Следни на мени The Counterpart, The man in the high castle, Stranger things, Star Wars: The Clone Wars
 

Kajgana Shop

На врв Bottom